Грција со непроменет став за европската перспектива на Западен Балкан

Позицијата на Грција за поддршката на европската перспектива на Западен Балкан, ја повтори портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, на редовниот брифинг со новинарите, без притоа да открие дополнителни детали за синоќешниот телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија.

Одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, Папајоану рече дека европската перспектива на регионот не била главната тема во разговорот на Никос Дендиас со Екатерина Захариева, туку била спомената во контекст на поширокиот регион.

-Основното прашање за кое што разговараа беа случувањата во Источниот Медитеран и пошироко и турското провокативно однесување. Во овој контекст, секако, како што е и очекувано се водат разговори и за европскиот тек на Западен Балкан. Тоа беше неопходно да се спомене. Во овој момент нема нешто друго што би можел да додадам, рече Папајоану на брифингот одржан преку видеоконференција.

На новинарско прашање за вчерашната колумна на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција рече дека нема да коментира, бидејќи изразени се лични позиции.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *