Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонско сонце“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите, лексикографските термини…: од Исав – синот на Исак и Ревека, и постар брат на Јаков – до старешината на синагогата во Капернаум – Јаир
Делото „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски – Катин е отпечатено во 1997 година на 215 страници на македонски јазик, со благослов на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, неговото блаженство, архиепископот г.г. Михаил, а во редакција на д-р Јоаким Хербут, Скопски бискуп на Католичката црква во Македонија, д-р. Ратомир Гроздановски и м-р Ѓоко Ѓерѓевски, двајцата професори на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, при што голем е придонесот на уредникот на Библиски речник”, Елена Стојанова.
Инаку, м-р Петко Златески беше почитуван вонреден професор на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Македонско црковно пеење – теорија; Црковно пеење; Типик; Апологетика и Историја на религијата. Тој како долгогодишен Генерален секретар беше душата на Библиското здружение на Република Македонија, кое е посветено на превод, подготовка, издавање, и дистрибуирање на Светото писмо до сите граѓани кои живеат во Република Македонија и оние кои се насекаде во светот и сакаат да го читаат ова значајно дело на македонски јазик.
Почитуваниот професор м-р Петко Златески беше роден на 10 јуни 1955 година во реловуционерното село Дуње, Прилепско, а во Господа се упокои на 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение. Затоа и овие продолженија за „Библискиот речник“ се во негова чест, да се смопени неговото име и дело, за Бог да го прости.
Во врска со печатењето на „Библискиот речник“ треба да се нагласи дека темелите беа поставени во 1988 година кога беше издаден Новиот Завет во нов превод на архиепископот Гаврил, а целата Библија беше издадена од United Bible Societies (UBS) во 1990 година, која е позната како „Гаврилова“ Библија. Новото ревидирано издание, познато како Македонска стандардна Библија, беше издадено во 2006 година од Библиското здружение на Република Македонија. Оваа Библија е одобрена и со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а ја користат голем број македонски христијани нашироко во светот.
Коавторот на „Библискиот речник” Славе Николовски – Катин, кој како публицист е познат само како Славе Катин, е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.
Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои седум се лексикогравски изданија, потоа на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број можат да се видат и прочитаат на веб – страницата: www.slavekatin.com.
Oвa продолженија на „Библискиот речник“ ќе го продолжиме со името Исав – синот на Исак и Ревена, а ќе го завршиме со името на старозаветниот град во висорамнините источно од Јордан – Јавис.
Исав – влакнест; син на Исак и Ревека, и постар брат на Јаков. Бил вешт ловец и миленик на татка си. Јаков двапати го измамил, па Исав сакал да го убие. Подоцна се измириле. Исав имал и друго име, Едом, станал родоначелник на Едомците, односно Идумејците (1 Мој 25,19-34.27.33).
Исавела – ќерка на сидонскиот крал Етбаал и жена на Ахав, крал на Северното царство од 875-854 г.пр.И.Х. (3 Цар 16,31). Таа верна на обичаите во својата татковин а успеала и во Израел да го наметне обожувањето на Ваал. Пророкот Илија се противставил на тоа.Таа завршила според неговото пророштво: кога Јеху во 842 г. пр. И. X. постанал цар и влегол во градот, ја турнале од прозорот на палатата вокојаживеела, коњите ја изгазиле, а кучињата ја изеле (4Цар 9,30-37).
Исаија – Господ е спасение, живеел некаде околу 740-700 г.пр.И.Х. во Јужното царство, за време на владеењето на четири еврејски цара. Бил и државники го спасил Ерусалим од опсадата на Асирците. Поучувал на Божјата светост, во своето видение во храмот. Главната мисла му била дека Божјата сила го поставила Израел над сите други народи. Многу познато е неговото пророштво: “Ете, девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му се даде име Емануил” (Ис7,14).С смета дека тоа пророштво се однесува на раѓањето на Исус (Мт 1,22).
Исак – нека (Божеството) се смешка, еден од израелските патријарси; Вториот син на Авраам, а единствениот на Сара. Кога татко му заради провера и потврда на својата вера сакал да го жртвува на Бога, Тој го спречил во тоа. Се оженил со Ревека и имал два сина Исав и Јаков. Кога остарел и речиси ослепел, бил измамен од Јаков да му го даде нему благословот, наместо на постариот брат близнак (1 Мој21-22; 24, 28-9; 35, 27-29).
Исахар – деветтиот син на Јаков и Леа и родоначелник на едно од дванаесетте израелски племиња.
Искариот – човек од Кариот (иш на еврејски значи човек), во југоисточна Јудеја (Мт 10,4); в. Јуда. Припадници биле од незнабожечко потекло. Апостолот Павле најмногу проповедал меѓу незнабошците и затоа е наречен „апсстол на народите”. в. Гоим.
Искупување – страдањето и смртта на Христос, со која не искупи од гревот и спаси од вечната смрт, земајќи ги врз Себе гревовите на светот, за луѓето да се измират со Бога (Гал 3,13). Да се искупи нешто значи да се откупи, да се купи повторно. Исус кажал дека дошол да го положи својот живот заради искупување на луѓето. Како што робот кога ќе се откупи веќе не е роб, така и човекот – роб на гревот преку откупот на Христовата жртва на крстот веќе не е роб, Преку откупот човекот доаѓа под власта на Христос (Тит 2,14; Евр 12,15). Христос го остварил откупувањето од светот (Гал 1,4), од проклетството на Законот (Гал 4,5), од служењето на гревот (Рим 6,16) итн.
Искушение – После крштевањето Христос се повлекол во пустината и постел четириесетдена. Таму ѓаволот Го искушувал три пати, нудејќи Му храна и светска власт, но сето тоа Христос го одбил (Мт4:1-11; Лк4:1-13).
Исмаилци – номадско племе кое ги населувало пустите предели на границите на Палестина. Биле каравански трговци меѓу Галад и Египет. Се сметаат за потомци на Исмаил, отфрлениот син на Авраам со слугинката Агара (1 Мој 25,12-18).
Исоп – име за повеќе билки, спомнати во Библијата. Исопот имал прочистувачко дејство и со него се прскала крвта на жртвуваните животни по вратите во време на лепра и чума (Пс51,7). Најверојатно станува збор за растението ориганум, кое припаѓа на истото семејство како и мајоранот. Додека Исус висел на крстот, Му дале да вкуси исоп натопен во оцет. Служел и за поскропување спроти Пасха (2 Мој 12,21-22; Јн 19,29).
Истерување од храмот – според Евангелието, Исус ги истерува трговците од предворјето на храмот, кои со тргувањето го сквернавеле (Мк 11,16). Со тоа ги разлутил водечките верски луѓе и си го навлекол нивниот бес врз Себе.
Исус – Бог е спасение; Навин, војсководец – роден во Египет, во времето на израелското ропство. Станал близок соработник на Мојсеј и еден од дванаесетте извидници пратени во Ханаан. По смртта на Мојсеј, тој е избран за водач на Израелците и ги предводел се’ додека не се населиле во Ханаан. Кога земјата била освоена, ја поделиле меѓу дванаесетте племиња. Пред да умре , Исус Навин ги молел Израелците да Го сакаат и почитуваат својот Бог (2 Мој 17,9; 4 Мој 13-14; ИН).
Исус Христос – Синот Божји, станал човек и живеел и умрел за да го спаси човештвото и да го научи на силата и љубовта Божја. Исус значи спасител, а Христос е збор за еврејскиот – Месија, што значи Помазаник. Се родил како Евреин. во времето на владеењето на Ирод Велики (околу 5 или 6 г.пр.ИХ), кога Евреите страдале под римска окупација. Умрел 28 или 29 г., во времето на владеењето на марионетскиот цар Ирод Антипа. Роден е во Витлеем, а пораснал во Назарет, во Галилеја. Прв пат го посетил храмот на дванаесет години, а го крстил Јован Крстител, во времето кога веќе бил подготвен да ја започне својата мисија на земјата. Тогаш ги избрал своите први ученици и правел многу чуда. Ја обиколил Галилеја, поучувајќи и лекувајќи ги болните. Како што народот се’ повеќе го засакувал и прифаќал, така еврејските верски великодостојници се’ повеќе сакале да го отстранат. Во последната недела од неговиот живот влегол во Ерусалим и ја одржал Последната вечера (Тајната вечера) со своите ученици, пред еврејскиот празник Пасха. Го издал Неговиот ученик Јуда. Му било судено пред Синедрионот и пред римскиот намесник, а осуден е на смрт со распнување на крст, во тоа време најсрамна и најболна казна, Погребан е во гроб во карпа, но на третиот ден гробот е пронајден празен. Воскреснатиот Христос им се јавил на своите ученици единаесет пати, на жените миросници и на пријателите – се’ до вознесението на небото, кога се покажал последен пат. Неговото учење, познато како христијанство се раширило по целиот познат сеет тогаш и го изменил текот на историјата.
Исход – Втората книга Мојсеева, во која е опишано излегувањвто на Евреите од Египет со Божја помош, преку пророкот Мојсеј. Го опфаќа периодот од 1300 до 1200 г.пр. И. X. Го содржи и ветувањето од Бог дека Израел ќе биде свет народ, како и законодавните прописи.
Италија – современото значење на овој термин потекнува од средината на 1 в. Апостолот Павле отпатувап за Италија во текот на неговото најпознато мисионерско патување (Дап27,1,6).
Итај – смел Филистеец од Гат кој му се придружил на Давид против бунтот на Авесалом. Итај иако морал да бега од Давид, му останал вереи. Подоцна станал војсководец на третииа од Давидовата војска {2Цар 15,21).
Итамар – „земја на палмите”, син на Арон, кој станал свештеник (2 Мој 28,1), управувал со градбата на Скинијата {2 Мој38,21).
Итуреја – област чиј владетел бил Ирод Филип. Името се спомнува иво Евангелието на Лука. Итурејците најверојатно биле потомци на старозаветниот народ Јетури. Биле див племенски народ во ридовите западно од Дамаск, и северно од главниот тек на реката Јордан (ЛкЗ.1; 1 Лт5т19).
Ихавод – славата замина, име на внукот на свештеникот Илија. Роден е во оној час кога Ковчегот на Заветот паднал во рацете на Филистејците, и тогаш умреле и неговите татко и дедо (1 Цар4,17-22).
Јавис – галадски – старозаветен град во висорамнините источно од Јордан. Неговите жители ги пренеле преку Јордан телата на Саул и на неговите синови, откако биле убиени во битката на Гелвијската Гора. Тие ги подготвиле за погреб и ги погребале. Давид ја опеал нивната храброст (Суд 21,1:1 Цар 11,31,12; 2 Цар 2,47).
Продолжува
Пишуваат:
ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И
СЛАВЕ КАТИН