Потеклото на семејството Јовановски од битолскиот крај

Македонија е и радост и тага и сон и јаве за браќата Васил, Марко и Петре Јановскк. Во разговорите со нив слушнав многу вистини. што тие ги помнат од детството, од она што го учеле во училиштето дека географ-ската положба на Македонија ја прави земјата да биде раскрсница помеѓу Истокот и Западот.

 Поради тоа, не случајно, сите воени експедиции морале да минат преку неа, но и трговските врски, заедно со различните култури и влијанија Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија, која и денес се’ уште во себе крие многу тајни од минатото’.,

Уште од античките времиња со името Македонија се викаше провинцијата околу Пела, која беше прогласена за престолнина на Античкото македонско царство, што го опфаќало просторот меѓу денешното Пазарско Езеро и долниот тек на реката Вардар. Но, со проширувањето на границите на царството, растела и областа наречена Македонија, која се здобила и co воено-културен и административен статус.

Централната позиција на Македонмја на Балканот овозможила вкрстување на најважните патишта меѓу Европа и блискиот Исток, но и поврзаност меѓу државите во овој регион, како што се Грција. Бугарија, Србија и Албанија. кои воделе жилава битка за приграбување на Македонија. He само отвореноста кон Егејското Mope и реките Вардар и Струма, туку и фактот што низ нашата земја минувал магистралниот пат Bиa Игнација, ја правеле Македонија исклучителмо стратешко подрачје за освојување на нови простори или за доминација во економијата.

11mnСветите браќа Кирил и Методиј

Еден од најкрупните настани што се случил на овие македонски простори е првата азбука на св. Кирил Солунски, историски значајна за сите словенски народи. Таа и првите преводи на богослужбените книги на старословенски јазик, го означија периодот кога во редот на владејачките јазици: латинскиот, грчкиот и еврејскиот, се најде и македонскиот, односно старословенскиот, со неговото писмо, Оттогаш Господовото писмо почна да се шири и на нашиот јазик, алуѓето почнаа да пишуваат и да читаат книги напишани на сесловенската македонска азбука и јазик.

Овој настан, несомнено, е од епохално значење за македонскиот народ. Прво, затоа што браќата св. Кирип и св. Методиј беа од Солун, Македонија, и второ, што првите книги напишани на сесловенскиот јазик, беа на јазикот на Македонците. Очигледно, св. Кирил исв.  Методиј не можеле да употребат ни едек друг јазик освен овој на Македонците, кои живееја во нивниот град Солун.

Вториот епохален настан за Македонците се случил во почетокот на XI век, кога македонскиот цар Самуил својата престолнина ја преселил од Преспа во Охрид. Потврда за тоа се остатоците од неговата тврдина што ги гледаме и денес, како сведоштво на тоа наше славно минато. Тука остана и седиштето на Охридската архиепископија, се’ до нејзиното укинување во 1767 година. Инаку, со прогласувањето на Патријаршијата, царот Самуил, од првиот охридски патријарх бил прогласен за император.

Се’ до доаѓањето на османлиите на овие наши простори во XIV век, Македонија била во подем, Сведоштво за тоа се бројните средновековни цркви и манастири, особено во Охридско-преспанско-битолскиот регион,кои, денес се наоѓаат во ризницата на европската и светската култура.

Во почетокот османлиите не ја укинале афтокефалноста на Охридската архиепископија, туку покажале толерантност кон христијанската вера. По освојувањето на Охрид во 1408 година, цела Македонија се нашла под јаремот на Османлиската империја. Но, и покрај тоа, османлиите, не само што не ја ограничиле независноста на Охридската архиепископија, туку, со цел да ја ослабат Патријаршијата во Константинопол. и ја зголемиле моќта. Меѓутоа, експанзијата иа феудалниот систем во Турција, објективно значело слабеење на Охридската архиепископија.

12mnСв. Софија во Охрид

Македонскиот народ и неговата црква, во тешката ситуација во која се нашле, биле под постојан притисок на Патријаршијата од Константинопол и од католичката пролаганда во Рим. Патријаршијата применувала разни методи со цел да го елинизира македонскиот народ и да ја уништи неговата црква, во лицето на Охридската архиепископија. За таа цел, не се бирале средства и методи Патријаршијата да се наметне врз тогашните црковни власти. Така, во 1767 година се укинува Охридската архиепископија. со што се нанесува голема штета на македонското христијанско население.

Иако Балканските војни {1912 – 1913) значеа некакво ослободување на Македонија од османлиското ропстео, тие фактички ѝ донесоа ново подјармување. Уследи нејзина трагична поделба од страна на Грција, Бугарија и Србија, а подоцна и од Албанија, поради што следат уште погруби услови и дискриминација врз македонскмот народ. He само што е негирана македонската нација, туку е забранета и употребата на македонскиот јазик, особено во Егејска Македонија, каде се применуваа строги казни за оние кои се осмелуваа да го зборуваат македонскиот мајчин јазик.

Во Србија, која подоцна ќе прерасне во Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Македонија беше колонизирана. Пак на Македонците им е негиран националниот идентитет, а нивниот јазик потиснат. Слична беше нивната судбина и во Бугарија, во Пиринска Македонија.

Само преку активно учество во фашистичката борба за време на Втората светска војна, Македонците стекнаа слобода и социјални права, но само во еден дел од својата територија. во Вардарска Македонија, Таа се конституира во почетокот како Народна Република Македонија, подоцна како Социјалистичка Република, во рамките на Југосла-вија, а од 1991 година, како самостојна. независна и суверена држава – Република Македонија., а од 2018 година како Северна Република Македонија.

Втората светска војна овозможи Македонците да се здобијат со суверена држава, со национални институции и културна комуникација со светот. Македонскиот јазик стана официјален јазик на Релублика Македонија, познат и признат во светски рамки. Се изучува на многу универзитети во светот и придонесува за ширење на вредностите на македонската култура и нивно вклучување во ризницата на светската култура.

Продолжува

13mnПишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *