Староседелците на Крит

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Крит е најголем грчки остров во источниот дел на Средоземното Море. Земјиштето е карсно и планинско, а највисока планина е Еида (2456 м). Стари имиња за ова острово се Каптар (асирско-вавилонско потекло), како и Кефтиу (египетско потекло). Се смета дека неолитските жители на егејските острови Крит и Киклските Острови биле доселеници од Мала Азија (Карци, Лелеги и Лидјани) и од Либија, т.е. од Африка, во пред-динстичкото доба на Егиет. Кога Фениќаните го населиле островот, етнонимот го добиле по митскиот крал Миној кој бил Зевсов најстар син со Европа, ќерка на феникинскиот крал Агенор, сестра на кралот на Теба во Беотија, Кадмо. Тоа е изнесено во митот за Европа.

Миној живеел во херојската доба, а него го посвоил кралот на Крит Астерион, кога се оженил со Зевсова љубовница. Покрај Миној, Астериот ги посвоил и останатите Зевсови деца, Радамант и Сарпедон. Миној бил славен и праведен крал, добар законодавец и заедно со својот брат Радамонт и со Еак биле судии на душите на мртвите во Подземниот свет.Покрај Астерион, како прв владетел на островот, се споменува и Крет, епонимен херој на островот, син на Земјата (Геја), а жителите се викале Етеокритјани, т.е. вистински Критјани. Крет е познат како законодавец и судија и се зборело дека тој го сокрил малиот Зевс во Диктејската пештера за да не биде проголтан од неговиот татко Крон. Тука, Зевс го одгледале нимфите Адрастија и Ида во златна колевка и го хранеле со мед и млеко. За тоа сведочат многу топоними на островото, како спомен на Зевсовото раѓање и детство. Познато е преданието дека син на Крет бил Тал, бронзен џин, чувар на островот Крит и Радамонтов дедо.

Феникијски колонисти

Кога Астерион умрел, Миној станал крал на Крит. Поради противниците морал да докаже дека боговите го одредиле за крал и пред народот побарал од богот Посејдон од морските длабочини да му испрати бик што ќе го жртвува. Меѓутоа, кога од морето изнуркал прекрасен бик, Миној го задржал на барање на неговата жена Пасифаја, а како жртва принел едно од своите говеда. Така Критјаните го прифатиле Миној за крал, но Посејдон, лут поради измамата, го претворил бикот во споулавено животно кое пустошело по островот. Покрај тоа, Посејдон кај Миниевата сопруга разбудил страсна љубов кон убавиот бик. Во очај, Миној го прифатил исклучително надарениот уметник, пронаоѓач и архитект Дедал, внук на атинскиот крал Ерехтеј, кој петходно веќе пребегнал на Крит. Дедал за бикот го изградил Лавиринтот, дворец со многубројни, испреплетени ходници, а Миноевата ќерка Аријадна открила начин како може да се излезе од него.

За Пасифаја, Дедал направил дрвена шуплина (крава), покриена со кожа во која таа  влегла и ù помогнал да ја смири својата страст за убавиот бик. Од оваа врска роден е Минотаур кој на критскиот крал му задавал многу маки, бидејќи се хранел со човечко месо, па затоа Миној го ставил во Лавиринтот, а убавиот бик бил совладан од Херакле. Херакле го довел бикот во Микена. Кралот Евристеј го пуштил бикот на слобода и, отако прокрстарил низ Арголида, прешол на Истам и сопрел на Маратон, каде подоцна го убил Тезеј. Пред овој настан со Тезеј, Миноевиот син со Пасифаја, Андрогеј, кој бил вешт во сите атлетски вештини, отишол од Крит во Атина да учествува на Панатенејските игри, каде бил победник, а потоа продлжил во Теба за да стигне на тамошните празнувања. Според преданието, кралот на Атина, Егеј, му наложил на Андрогеј да се бори со Посејдоновиот Маратонски бик кој ја пустошел Атика. Андрогеј не успеал да го совлада бикот и ги изгубил животот со разјареното животно.

Кога Миној дознал за оваа жалосна вест, набрзо подготвил голема флота и со силната војска тргнал да ги казни Атињаните. Опсадата била долга, а во Атина завладеале глад и чума. После долги преговори, Атињаните го прифатиле Миноевото барање секоја година да испраќаат на Крит по седум момчиња и седум девојки како храна за Минотаурот. Со Аријаднината помош, младиот атински херој Тезеј го убил чудовиштето Минотаур и ги спасил Критјаните од големата напаст.

3.2.3

Крит

Додека Миној ја опседнувал Атина, Дедал, кого кралот го затворил во лавиринтот со неговиот син Икар поради случајот со Пасифаја и Тезеевото убивање на Минотаурот, по смртта на неговиот син отишол на Сицилија. Тука, во градот Камик, пријателски го прифатил кралот Кокал и неговите ќерки, каде со својот уметнички и градителски вештини стекнал голема наклонетост. Во меѓувреме, Миној, откако го решил проблемот со Атина, го барал бегалецот по сите земји, а кога дознал дека се наоѓа на Сицилија, со својата флота се упатил кон градот Камик, каде на дворот на кралот Кокал го нашол Дедал.

Но, Миној не стигнал да му се освети, бидејќи во купатило го убиле Кокаловите ќерки. Кокал, потоа, на критските војници им соопштил дека кралот Миној несреќно го загубил животот во купатило, бидејќи се лизнал и се удавил во врела вода. Критјаните сакале да му се осветат, ама ниту после пет години не успеале да го заземат градот, бидејќи Дедал уште поцврсто го утврдил. Според Диодор Сиц.1, неговите придружници свечено го погребале и на Сицилија ги основале градовите Миној и Енгион, со што биле создадени првите критско-феникински колонии на Сицилија. По Тројанската војна, славниот критски херој, стрелецот Мерион, кого бурата го исфрлила на Сицилија и таму го прифатиле критските колонисти, ги пренел Миноевите останки на Крит, каде и биле погребани.

1 Срејовић, Д., Бабовић, Љ.: Уметност Лепенског Вира, Младинска књига, 1983.

Миној бил современик на Персеј и Асклепиј, на Тезеј и други херои од праисториското доба. Владеел со Крит три генерации пред отпочнувањето на Тројанската војна, што го потврдува и Херодот2, кој истакнува: „… а три поколенија по Миноевата смрт дошло до Тројанската војна, во која Критјаните му пружиле помош на Менелај и се покажале како големи јунаци…“

  Хесодит, Историја, VII, 171, Матица Српска Београд, 1988.

За Миној, Тукидит3 пишува: „… Миној е од оние за кого од преданијата знаеме дека, како најстар, си прибавил се себе бродови и завладеал со најголемиот дел од сегашното Хеленско море, загосподарил со Кикладските Острови и прв населил големо мнозинство, бркајќи ги Караните (жителите на Карија) и поставувајќи ги своите синови за господари. И ги бркал пиратите од морето, колку можел, се разбира секако за да има што поголеми приходи.“

3 Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 4, Дерета, Београд, 1991.

Поради матријахатот на Крит, жените имале многу голема функција. Жените се бавеле со атлетика и боречки вештини со бикови (тауромахија), акоробатика, лов, тркачки игри и др. Тие биле вклучени и во производството, особено на керамика, и се смета дека тие први го иницирале производството на печена глина и амфори.

Еден од светите симболи на Критјаните е „двостраната секира“ – лабрис и „минојски рогови,“ сето тоа пренесено од Мала Азија.

Најголеми заслуги на полето на проучување на археологијата на Крит има Артур Еванс (1903), кој го открил сјајот и големината на „Минојската цивилизација“, со чија помош може да се следи историјата на Крит. Според него, праисторијата на Крит почнува уште околу 14.000 година пред Христа. Меѓутоа, Минојскиот период Еванс го дели на три главни периоди: раноминојскиот 3000-21000 година пред Христа, средноминојскиот 2100-1600 година пред Христа и доцниот минојски период 1600-1200 година пред Христа кога и се завршува периодот на критско-микенската култура во Егејот.

Раноминијската култура ја карактеризираат споменици од архитектурата (заоблени и четвороаголни куќи), гробови во форма на ковчег или семејни гробници, оружје, керамика, пластика, накит и печати. Средноминојската епоха ја сочинуваат величествени палати на спрат со многубројни одаи во вид на лавиринти, кои не биле обезбедени утврдувања. Потоа, столбови (често со симболите на двојната секира, „лабрис“, оттаму и лабиринт), фрески со полихромни слики кои претставуваат риби, делфини, „берачи на шафран“, „госпоѓи во сино“ итн. Следат гробови, тркалезни и четвороаголни, ковчези-ларнакс, светилишта, печена керамика, изработувани по прв пат во историјата на лончарскиот вител/чекрек, камени вазни и светилки, садови, мечеви и др. Доцноминојскиот период го карактеризираат промени кои настанале како последица од големиот земјотрес во 1450 година пред Христа и од инавзијата на ново население.

Она што, меѓутоа, е најважно за Евансовите и подоцнежните истражувања, се околу 1600 парчиња таблици од глина. Од нив се гледа дека Минојците познавале три начини на пишување. Првиот начин бил хиероглифско писмо внесено преку Египет („свештенички пиктограми“) и Лувиј од Мала Азија. Со ова писмо се служеле во средниминскиот период (2100-1850). Следното било линеарно А писмо со кое пишувале од 1650-1400 година пред Христа. Следи линеарното Б писмо, кое се користело од 1450-1200 година пред Христа, во раздобје кога престанала критската доминација во Егејскиот свет, кога Крит бил окупиран од Микена.

Археолозите сметаат дека „Миноевата палата“ на Кносос, израдена во средноминојскиот период, била престолнина на легендариот крал Миној и пример за палатите во Фестос, Малиј и Закар. Таа палата преживеала неколку разорувања и земјотреси, како и ерупција на вулканот на Тера, за конечно да биде напуштена околу 1400 година пред Христа.

Миноевата религија била култ на Големата Мајка, како врховно женско божество внесено од Мала Азија преку Лувиј и Кар каде владеел матријархатот. Симболите биле двојна секира „лабрис“, чиј збор е од лувијско потекло, и „Минојските рогови“ на светиот бик, „таурокерат“.Зевс, како религија, на Крит дошол преку Мала Азија преку колонистите Нелеиди од Панонија и Лапитите. Неговото доаѓање е вткаено во митот4 за Зевсовото раѓање кога неговата мајка, титанката Реја, сакала да го спаси својот син од таткото Крон, кој ги проголтувал своите деца што му ги раѓала Реа, бидејќи му било претскажано дека еден син ќе го симне од престолот. По советот на Уран и Геја, Реја го сокрила Зевс на Крит, во пештера на планината Ида или Дикта, каде Зевс го одгледале нимфите Адрастеа и Ида, во златна колевка и го хранеле со мед и млеко.

4  Apollodori, Bibliotheca (I-II век пред Христа), I, 1, 6 и Diodorus Sicilus: Bibliotheca historica, V, 70, Fr. Vogel, vol II, Leipzig, 1896.

Втора приказна за Зевсовото доаѓање е онаа за фениќанската колонизација на Крит, кога Зевс во лик на бик ја пренел ќерката на феникијскиот крал Агенор, принцезата Европа, на островото Крит.

Крит во праисторијата е поврзан и со случувањата околу Тројанската војна од 1193 пред Христа. Имено, по Миноевата смрт, него го наследил неговиот син што го добил од Пасифаја, Катреј, кој имал три ќерки: Аеропа, Климена и Апемосина, и синот Алтемен. Аеропа се омажила за Атреј, Пелоповиот син, крал на Микена, мајка на Агамемнон и Менелај, од лидиско или фригиско потекло од Мала Азија.

Климена се омажила за Науплиј, познат морепловец, кој го основал градот Науплиј на Пелопонез и го населил со потомци на Египѓани, кои допловиле во Арголида со неговиот дедо Данај, т.е. бил Данаец.

По совет на пророчицата, Алтемен со сестрата Апемосина пребегнал на островот Род. Во длабока старост, Катреј сакал да му го отстапи престолот на синот и поради тоа отишол да го доведе од Род, каде несреќно биле убиен од синот мислејќи дека е пират. Катреј е свечено погребан на Крит и секоја година се одржувале погребни игри во негова чест.

Во една прилика, тројанскиот принц Парис, најмладиот и најубав Пријамов и Хекабин син, по Афродитин налог, со лаѓа отишол на Крит за да учествува во погребните игри приредени по повод смтта на кралот Катреј. Парис, со својата убави, раскошна облека, големиот брод и богатите дарови брзо ја стекнал љубовта на преубавата Хелена, сопруга на Менелај, спартански крал.

3.2.4

Крит

Хелена, маѓепсана од Парис, доброволно тргнала со него, со својата робинка и сопруговото благо, го напуштила мажот и љубовниците се соединиле на островот Кранај. После долго скитање и задржување, допловиле до Троја. Тројанците свечено ги дочакеле и биле маѓепсани од убавата Хелена. Менелај и Одисеј напразно инсистирале да им ја врати Хелена, а кога Тројанците одбиле тоа да го сторат, отпочнала Тројанската војна која траела десет години.

Од страната на Крит во Тројанската војна учествувал кралот Идоменеј, Деукалиновиот син, внук на кралот Миној. Тој бил моќен владетел, господар на стотици градови и крал на целиот Крит. Учествувал во Тројанската војна со осумдесет лаѓи, каде храбро се борел. Тоа го потврдува и Хомер5: „… каде многу жители има/беа уште и други од сто градови на Крет,/на сите ним водач им беше Идоменеј…/Сите тргнале во осумдесет бордови црни“.

После војната, Идоменеј среќно се вратил во татковината, но набрзо бил прогонет поради суровоста. Отпловил од Крит во Калабрија каде изградил повеќе градови. По неговото заминување, уследило влијанието на Микена која ги потиснала домородците-Фениќаните источно и западно на островот. Со продорот на Хелените во X век пред Христа тое го основале градот Горт и тогаш понува „мрачното доба“, назадување и враќање на примитивниот живот.6

5  Хомер, Илијада и одисеја, II, 645, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

6  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p, 55, Hiotelli, Athinai, 1972.

Кикладите се островска група-архипелаг од околу 220 острови во јужниот дел на Егејското Море, помеѓу Мала Азија, Балканот и Крит и остатоци се од старото егејско копно. Најголем дел од нив се брдовити.

Архипелагот лежи околу светото острово Дел, роден крај на хиперборејските богови Аплон и Артемида. Тука се одржувале свечености на аполонските амфиктонии кои што се славеле секоја четврта година во слава на Аполон, Артемида и на нивната мајка Лета, а се тука се наоѓало и славно пророчиште. Кикладските острови биле населени уште во неолитот со народите од јужниот дел на Мала Азија, како што се Кари, Лелези, а подоцна со Еоли и Фениќани.

За процутот на културата на раното бронзено време допринело, покрај поволната положба и контрола на поморските патишта, богатството со суровини како што се мермер, бакар, сребо и злато. Археолозите откриле богати некрополи, со разни алатки, разни идоли на женски фигури од мермер, но и со садови и предмети од морската трговија.

Најновите археолошки истражувања на Тера и на Крит откриел една нова „Помпеја“, која претставува вистински рудник на материјална култура за арехолозите од наредните векови. Од куќите затрпани со пепелот од лавата, сочувани се приземјата со цела висина, а често и делови од спратните конструкции. Најголемиот број простории била украсена со фрески од исклучителна убавина, каде преовладуваат мотиви со медитерански пејзажи и жанр-сцени.

Продолжува

 1Dshko  1Kat

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

SHARE