,Денови на македонската култура” Мај 1973 година, во Рим

ПЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Традициионалната манифестација ,Денови на македонската култура” што по четврти пат се одржа од 24 до 30 мај1973 година, во Рим и годинава беше во знакот на оддавање почит на кирилометодиевското дело, со одржување молебен на гробот на свети Кирил Солунски.

Овој пат, црковната делегација ја сочинуваа митрополитот дебарско – кичевски г. Методија, ѓаконот Јован Таковски, професор во богословијата „Свети Климент Охридски” во Скопје и протајереј-ставрофор Велко Филипов, секретар на Преспанско-битолската митрополија и претставник на Здружението на свештениците на СР Македонија, додека државната делегација, односно во делегацијата на културата на чело со г. Благој Михов, секретар за односи со странство на Извршниот совет на СР Македонија, беа проф. д-р Харалампие Поленаковиќ, потпретседател на МАНУ, г. Димче Мире, директор на Архивот на Македонија, Тома Прошев, шеф на камерниот оркестар „Света Софија”, Борис Петковски , директор на Музејот за современа уметност , Глигор Чемерски, сликар и комесар на изложбата ,,16 современи македонски сликари”, Спасе Куновски и Борис Вишински , претседател на Одборот за организирање на манифестацијата ,Денови на македонската култура” во Рим при Комисијата за културни врски со странство на СРМ, што беше и организатор на оваа манифестација .

Свеченоста на оддавање почит беше одржана токму на Денот на свети Кирил и Методиј , на 24 мај, длабоко во катедралата „Свети Климент Римски”, таму каде што и сега постојат остатоци од ранохристијанска црква, од IV век и каде што и сега можат да се покажат остатоци од четири тогашни римски куќи. И годинава средиште на манифестацијата „Денови на македонската култура” во Рим беше одржувањето молебен на гробот на свети Кирил Солунски, што се одржа на 24 мај, а на кој чинодејствуваше митрополитот дебарско-кичевски г. Методиј, заедно со свештени лица, а во присуство на целата делегација од Македонија, како и бројни поклоненици од Македонија, меѓу кои имаше и неколку свештеници и монаси кои беа дошле да му се поклонат на свети Кирил.

3.0.9

Сан Клементе во Рим

Манифестацијата ја збогати октетот на Богословијата „Св. Климент Охридски” од Скопје. На крајот Неговото високопреосвештенство г. Методиј одржа говор во кој, меѓу другото, истакна:

… Вечниот град Рим, градот на светите апостоли и маченици Петар и Павле и безброј други, кои со својата маченичка крв го осветија истана светилиште на многу поклоненици, е чувар на светите мошти на свети Кирил Солунски, како божји угодник. Нека ми биде дозволено, од името на Светиот синод на Македонската православна црква и во свое име, за оваа наша посета искрено да му заблагодариме на поглаварот на Римокатоличката црква Неговата Светост папата Павле VI, кој во евангелската љубов и признателноста на возвишената христијанска мисија на св. Кирил, следејќи го патот на папата Адријан II, кој пред единаесет векови ја одобрил проповедта на словенски јазик на кој е извршена и богослужба во Рим, ѝ ја укажува својата висока чест на делегацијата на Македонската православна црква, високите претставници на Социјалистичка Република Македонија и верниците со своето одобрение и прием.

Пресвети, преблажени и богомудри оче Кириле

Ние, твоите духовни чеда преродени, збогатени и просветени со премудроста Божја, преку твојата самопрегорна апостолска служба и подвиг, со кои ни се отворија дверите на Божјата премудрост, вистина и љубов, смирено и молитвена се поклонуваме на твоите свети мошти и искрено те величаме. Радувај се, Кириле, златна труба на вистинското богопознание, преблажен учителе на словенскиот род, изворе на животочната вода, вистински пастиру на словенското стадо. Твојот евангелиски глас се пронесе по целиот словенски род и твоите зборови на роден јазик го закрепи нашиот народ во вистината Христова…

Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура”, ансамблот за модерна музика „Света Софија”, под диригентството на Тома Прошев одржа концерти во Рим, Неапол и Терачино. Во Неапол, пак, во Семинарот за славистика беше прикажана изложбата „Македонски поетски книги”, на која беа презентирани изданијата на Заедницата за издавачка дејност на НИП „Нова Македонија”, двете поетски ликовни збирки „Арс поетика” со ликовно-творечка опрема, кои со форматот потсетуваат на мусандри изработени во дрво, песните на наградените на Струшките вечери на поезијата, објавени на јазикот на поетот и на македонски јазик и, пред се, репродукциите на графики на современите македонски ликовни творци Ордан Петрески и Петар Хаџи Бошков. Исто така, во галеријата „Ѓулија”, беше отворена изложбата под наслов „Современи македонски ликовни уметници”, со дела на 16 ликовни творци, за која зборуваше италијанскиот критичар Дарио Митаки, кој рече :

„Овие млади луѓе се македонски и интернационални сликари. Нивната сила не е во спектаклот и во монтажата: таа е во една примарна енергија, било конструктивна, било отпорна, зашто тие со погледот и јасната мисла секогаш успеваат да копаат во човекот и во современите човечки барања”.

Проф. д-р Харалампие Поленаковиќ, пак, при отворањето на изложбата зборуваше за книжевните и културните врски меѓу Македонија и Италија од времето на свети Климент Охридски па наваму, правејќи осврт на македонското преведувачка дело на поетите кои во своето творештво имаат преводи од италијански, како Григор Прличев, кој прв се обиде да го преведе од италијански познатиот еп „Бесниот Орландо”.

Во текот на манифестацијата, се одржаа поголем број средби и разговори, меѓу кои треба да се одбележи оној што се одржа веднаш по молебенот со старешината на базиликата „Свети Климент Римски”, патер Дуфи, како и приемот и ручекот што амбасадорот г. Миша Павичевиќ ги приреди во чест на делегацијата. Исто така, делегацијата ја посети Ватиканската библиотека, каде директорот патер Штиклер ѝ го посочи Асемановото евангелие, што е пишувано со глаголско писмо во Македонија.

По повод манифестацијата „Денови на македонската култура” во Рим, билтенот „ Релациони Мачедониа”, што го уредува и издава г. Антонио Јерков, отпечати посебен број, а отпечатен е и нов број на публикацијата „Слава на свети Кирил” (“Gloria а Ѕап Cirillo”).

Харалампие Поленаковиќ „Во мугрите на словенската писменост”, Мисла, Скопје, 1973, 9-289.

Професорот Харалампие Поленаковиќ повеќе години и посвети на средновековната книжевност во Македонија, кој предмет и го предаваше на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1973 година се појави петтомното издание на одбраните трудови на Х. Поленаковиќ, од кои една книга ѝ е посветена на средновековната книжевност во Македонија, со наслов „Во мугрите на словенската писменост”.

Во овој труд се собрани најважните и најсуштинските студии на проф. Х. Поленаковиќ, поместени во два дела. Во првиот дел од книгата се наоѓаат тематските студии кои се однесуваат на почетоците на словенската писменост, на творците на таа писменост, браќата просветители Кирил и Методиј. Низ сите овие шест студии може да се каже дека читателот може да добие заокружена претстава за нивниот животен пат, за нивните бројни дејности, за дипломатското значење на мисиите што ги презеле за својот живот, за кирилометодиевското прашање кај Македонците во XIX век.

3.1.0

МАНУ

Вториот дел од книгата содржи пет труда, кои се однесуваат на Климент Охридски, родоначалникот на старата македонска литература. Во овојдел се изнесени ред хронолошки моменти од животниот пат и делото на Климент Охридски. Посебно се прави осврт врз неговото литературно дело, врз Панонските легенди, односот на нашите преродбеници кон Климента, потоа станува збор и за односот Климент Охридски – Црноризец Храбар.

На крајот од книгата доаѓа списокот на кратенките користени во трудовите .

Моше Алтбауер „Добромирово евангелие, кирилски споменик од ХII век”, МАНУ, Скопје 1973.

Добромировото евангелие претставува значајно македонско евангелие. Тоа е четвороевангелие и било препишувано во јужномакедонски центар. Главниот текст на ова Евангелие денес се чува во Народната библиотка во Ленинград, 183 листа. М. Алтбауер пронајде уште 23 листа од овој текст во манастирот „Света Катерина” на Синај. Во издание

на МАНУ се појави целосниот текст, подготвен од М. Алтбауер. За него е карактеристична правилната употреба на носовките со извесни незначителни исклучоци . По проучувањата на овој текст од страна на: Вокресенски, Сперански и Јагиѓ, изданието на М. Алтбауер пополни и

дополни повеќе непознати и нејасни прашања во врска со ова најстаро кирилско евангелие.

Продолжува

 0711
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *