Вицепремиерот Димитров во работна посета на Германија

На покана на германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, на 30 септември и 1 октомври ќе престојува во работна посета на Берлин.

Како што соопшти Секторот за европски прашања, ова е прва посета на претставник на Владата на Северна Македонија по нејзиното формирање, а воедно и прва за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Германија како актуелен претседавач со Унијата го води процесот на усогласување на Преговарачката рамка, клучниот документ  согласно кој што ќе се водат преговорите.

Во рамки на посетата предвидени се средби на Димитров и со главниот советник за надворешна и безбедносна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, Јан Хекер, со советникот за надворешна политика на претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, Томас Багер, со ополномоштеникот за ЕУ политики во германското МНР, Забине Штер, со директорката во Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, Сузане Шуц, како и со други релевантни соговорници во контекст на германската поддршка за нашата европската иднина.

Главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на реализација на веќе утврдената заедничка цел на Северна Македонија и Германија – одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава. Покрај размената на мислења за динамиката на усвојување на рамката, вицепремиерот Димитров ќе ги отовори и прашањата за регионалната соработка во контекст на Берлинскиот процес чиј иницијатор е токму Германија, како и за можностите за унапредување на билатералната развојна соработка и трговските односи, се додава во соопштението на СЕП.

 

One thought on “Вицепремиерот Димитров во работна посета на Германија

  1. This was a fascinating read. The points made were very compelling. Lets discuss further. Check out my profile for more engaging content!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *