САД и Грција ги потенцираат важноста на историскиот Договор од Преспа и неговата доследна имплементација

Важноста на Договорот од Преспа, неговото доследно спроведување, членството на Северна Македонија во НАТО, како и поддршката за интеграцијата во ЕУ и НАТО  на земјите од Западен Балкан, ги споменуваат САД и Грција, во заедничката изјава по средбата на американскиот државен секретар Мајк Помпео и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во Солун на која бил разгледан стратешкиот дијалог на високо ниво меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

-САД и Грција ја повторуваат нивната поддршка за интеграцијата на сите земји од Западен Балкан во европските и трансатлантските институции, согласно изборот на нивните граѓани. Ги истакнаа напорите на Грција за оваа цел, потенцирајќи ја континуираната важност на историскиот Договор од Преспа, по што следеше и членството на Северна Македонија во НАТО, притоа истакнувајќи ја важноста на доследната имплементација на договорот со добра волја, пишува во заедничката изјава во делот посветен на регионалната соработка.

Западен Балкан, според твитот на Мајк Помпео, меѓу другото, била и една од темите за кои разговарал со шефот на грчката дипломатија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *