Џафери на средба со хрватската амбасадорка Тигањ

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска имаше средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, на која тој ги потенцирал исклучителните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, за кои рече дека сподели очекува да продолжат со зголемена динамика и во наредниот период.

Џафери ја информирал амбасадорката со активностите на Собранието, изборот на комисиите, легислативната агенда, новите услови за работа поради пандемијата со Ковид-19, како и активностите сврзани со европската агенда. Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба тој се заблагодарил за силната и континуирана поддршка што највисоките државни институции ја даваат на Република Северна Македонија на планот на европската интеграција на земјата и изразил очекување дека како НАТО сојузници ќе имаме плодна соработка.

Претседателот на Собранието ја реафирмирал и потребата од натамошна пријателска и конструктивна соработка и во мултилатералните и регионалните меѓународни организации.

Хрватската амбасадорка Тигањ го поздравила формирањето на Владата и функционалноста на Собранието и информирала за најавените претстојни активности меѓу државните претставници на двете земји во наредниот период, при што истакнала дека на Република Хрватска и се од особена важност напредокот на Република Северна Македонија кон Европската унија, како и негувањето на стабилен политички дијалог меѓу власта и опозицијата.

Тигањ, како што се посочува, понудила експертска помош на владино и парламентарно ниво во процесот на отворањето на поглавјата, на ниво на експерти кои можат многу да помогнат во градењето на капацитетите за преговори со Европската унија.

Соговорниците размениле и мислења и за развојот на економската соработка, потоа соработката меѓу воените индустрии и воената соработка меѓу двете држави, како и можностите за унапредување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија, се наведува во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *