Средба Заев – Која: Посветеност на соработката за унапредување на реформите и обезбедување просперитет за граѓаните

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која на која се согласиле долгогодишната соработка да продолжи во повеќе различни области, како и дека преку таквата соработка ќе работат на унапредување на реформските процеси и обезбедување просперитет за граѓаните.

Како што информира владината Прес-служба, премиерот Заев со амбасадорот Која разговарал за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада.

– Заев изрази уверување и посочи дека вториот мандат е одлична можност, Владата во наредниот четиригодишен мандат да продолжи со имплементацијата на заедничките приоритети, членството во НАТО и Европската Унија како и унапредување на добрососедските односи, посветеноста за ефикасно владеење на правото и продолжување на севкупните реформи во земјата за подобрување на стандардот на граѓаните, се вели во соопштението.

Соговорниците се согласиле дека долгогодишната соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжува во повеќе различни области и програми во насока на унапредување на меѓуетничките односи, реформата на полицијата и безбедносните структури, медиумските слободи, изборните реформи, интегрирано образование, во областа на човековите права и антидискриминацијата.

Соговорниците, исто така, размениле мислење и за предизвиците во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, како и за мерките кои се преземаат на национално и локално ниво од институциите во земјата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *