Спасовски: Полицијата заштитник и партнер на граѓаните

Полицијата заштитник и партнер на граѓаните, на сите граѓани без разлика на нивната етничка и партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација,социјално потекло, образование, на јазик, религија, имотен или општествен статус, политичко уверување, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прва негова прес-конференција откако се врати на оваа фуункција.

Најави дека продолжуваат со имплементација на стратегиите што ги подготвиле во изминатиот период и кои треба да придонесат за поефикасна работа на македонската полиција.

– Се разбира, добрите резултати на полицијата доаѓаат со работа на мотивирани полициски службеници на кои постојано им ги подобрувавме и ќе им ги подобруваме условите за работа и стандардот, а тоа треба да го направиме уште поинтензивно во наредниот период, рече Спасовски.

Тој информира дека се продолжува и со реновирање и реконструкција на полициски објекти, но и со изградба на нови објекти и набавка на нови униформи. Во напредна фаза, истакна Спасовски, е и изградба на зградата на крим техника со современа форензичка лабораторија, со што ќе се влијае и на брзината на постапките. Граѓаните, рече, со право очекуваат современи методи на постапување на полицијата, адекватни на оние во современите земји.

МВР во соработка со МО и МИА ќе ги продолжи реформите и во областа на сајбер безбедноста, а во соработка со другите институции и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

– Доаѓа време на ред, правда, ред и дисциплина. Законите се донесени и сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Владата ќе биде партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес кои сакаат да придонесат кон градење на системот на правда, што ќе им служи на граѓаните и на државата, рече министерот Спасовски.

Република Северна Македонија, потенцира Спасовски, доби нова мала ефикасна и одговорна влада подготвена да работи и да сработи посветено во интерес на граѓаните и на државата.

– Со изборот на Владата го комплетираме системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет, кои ефикасно ќе работат во надминување на последиците и предизвиците предизвикани со корона кризата, што е дополнителен мотив да работиме двојно повеќе и тоа што е можно со помалку последици, истакна министерот Спасовски и додаде меѓу другото дека очекува да продолжи и соработката со медиумите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *