Илинден – Сонцето во историјата на македонскиот народ

Илинден е запишан со крупни позлатени букви во календарот на македонскиот народ во етничка Македонија и кај македонските иселени ширум светот. Илинден 1903 година е највисок револуционерен врв на борбата што ја водел македонскиот народ за соборување на султанската тиранија. Тој беше патоказ во национално-револуционерната борба на македонскиот народ и другите народи кои живееле во тогашна етничка Македонија за слобода и независност.

Затоа илинденскиот херојски подвиг длабоко и цврсто се врежап во свеста на македонскиот народ и кај широките народни маси на Македонија. Оттука не е чудно што илинденскиот чин станал знаме, симбол и патоказ на борбените македонски генерации, кои не дозволиле македонското ослободително дело, македонската кауза да скршне од новата револуционерна епопеја.

Илинденското востание во 1903 и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, се два најголеми историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на 2 август, на ден Илинден. Тоа го прави Илинден да биде најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија и највеличествениот ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на македонскиот народ.

Според авторот на овие редови, Славе Катин, а земајќи ја во предвид историската вистина за Македонија, Илинден 1903 година е Вториот Илинден за македонскиот нарот. Имено, можеби треба да се смета за Прв Илинден  битката кај Хиронеа која се случила на Илинден во 338 година пред Христа, кога големиот војсководец за тогашната македонска држава – Филип Македонски ја извојувал голема победа над античките Елини-Грци и ги стави темелите на големата Македонска империја. Но тоа да го оставиме на идните историчати и на политичките прилики и неприлики.

И покрај некои обиди да се оспори придонесот на широките македонски народни маси, овој триумф значел многу за своето време. А, за времето на иднината, визионерски бил навестен виорниот илинденски факел на слободата.

Илинденското востание во 1903 година претставувало повод за да се разгранат со векови задушуваните револуционерни стремежи на македонскиот народ да се искачи на пиедесталот на слободата. Токму во тој пресвртен чин дошле до израз евидентните дострели на слободата за остварување на самобитните државотворни традиции.

Според историските факти, во деветтата деценија на XIX век во Македонија наполно созреале условите за појава и развој на национално-ослободително и револуционерно движење. Тогаш, кај свесните и разбудени Македонци, кои израснале од народот и ги изразувале чувствата и пулсот на широките народни маси, созреала мислата за создавање на единствена револуционерна организација на национално-ослободителното движење.

Така, организираниот отпор против турското владеење започнал кон крајот на XIX век, откако неколку локални востанија и буни ја разнишале земјата, отворајќи пат кон нови подвизи. Тоа биле Кресненското востание од 1878 година, Брсјачката буна од 1880/81, акциите на војводите дедо Иљо Малешевски, Спиро Црне, Сирма Војвода, Славејко Арсов, дедо Геро и други.

Како резултат на околностите во 1893 година била формирана Македонската револуционерна организација, која подоцна се трансформирала во Тајна Македонска Револуционерна Организација (ТМРО), а станала позната и како Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО). Таа со време ги сихронизирапа своите револуционерни акции и со македонските социјалисти, како и со другите револуционерни сили и групи, да создаде комплексно единство на национално-ослободителното движење. Тоа бил голем и значаен чин во новата историја на етничка Макодонија, на македонскиот народ и народностите во неа.

Организацијата се нашла пред мошне крупни и одговорни задачи. Најпрвин требало да се организира народот за борба против постојниот деспотски режим, а потоа против сите посегнувања однадвор во нејзините работи. Се настојувапо да се отстрани секое надворешно штетно влијание врз Македонија. Ширењето на орагнизационата мрежа и насочувањето на масите кон вистинскиот пат на револуцијата бил првенствена цел.

Највидните корифеи и протагонисти: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански, Петар Поп Арсов, Димо Хаџи Димов и плејадата други, му дале импулс и поттик на револуционерното движење, го омасовиле, ја доразвиле народно-демократската концепција за философијата на самородната автентична револуција.

Крушевската Република е најславната страница на Илинденското востание. Тоа е најконкретен израз за симболиката на државно-правните стремежи на македонскиот народ, што беа идеал кон кој со години потоа се стремат новите генерации.

2.7.2

За жал, Илинденското востание и Крушевската Република биле поразени. Но, во нив македонските широки народни маси излегле морални победници. Тие служеле како поука и искуство во натамошниот револуционерен самостоен пат во борбата за конечно национално и социјално ослободување. Затоа, Илинденското востание поконкретно, имало типичен народен карактар и претставувало историски пиедестал за изградување на идната македонска слобода.

Формирањето на народната револуционерна власт во овој организационен вид, а и по својот револуционерно-демократски карактер, Републиката во многу својства потсетувала на револуционерната власт на Париската Комуна. Тој спроведувачки елемент превосходно се согледувал и во револуционерниот проглас на Републиката, таканаречениот Крушевски манифест.

Покрај тоа што македонскиот народ во 1903 година се крена на востание да се бори за својата слобода и за создавање независна македонска држава, само десет години подоцна Македонија беше брутално нападната, окупирана и поделена од своите соседи Грција, Србија и Бугарија; поделба потврдена од страна на големите европските сили на 10 август, 1913 година, со Букурешкиот договор.

Познато е дека Македонците постоеле во 1912 и во 1913 година година. Всушност, целиот свет знаел дека Македонците постоеле дури и пред тоа, бидејќи читале за нив во весниците. Целиот свет читал за Илинденското востание од 1903 година и за тоа како македонскиот народ се обидува да се ослободи од турското ропство. Денес имаме стотици исечоци од весници од тоа време, практично од секој голем весник во светот, кои, без сомнение, докажуваат дека Македонците постоеле во 1903 година, само една деценија пред Македонија да биде брутално нападната, окупирана и поделена од соседните земји.

Исто така, треба да се знае дека ние сме Македонци затоа што ние, нашите татковци и мајки, нашите дедовци и баби и многу генерации мажи и жени пред нив, кои биле родени во етничка Македонија, биле Македонци, бидејќи земјата на која сме родени, во која сме пораснати и во која почиваат илјадници генерации се вика Македонија. Нам не ни требаат нашите непријатели да нѐ дефинираат и да ни кажуваат кои сме ние, а кои не сме. Ние сме Македонци бидејќи тоа е токму она што сме!

Македонците како библиски народ, своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно му го должат, меѓу другото, и на празникот Илинден, издигнувајќи ја неговата верска и национална симболика до ниво на маѓија која ги поврзува, независно дали се наоѓаат во Австралија, САД, Канада, Европа (Европската Унија) или на други простори ширум светот. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите, со кој националното ткиво има своја резонанса и планетарна шифра, по која светот Македонците ги распознава.

Магнетизмот на Илинден во дијаспората најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации.

2.7.3

Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје

Овие празнувања, особено во Австралија, САД, Канада и Европската Унија (Европа) и насекаде во дијаспората, се одржуваат повеќе од седум децении, што значи дека тие се веќе традиционални.

Илинденските празнувања на сите континенти имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците од сите делови на Македонија на овие простори. На нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, кои ја збогатуваат културата на државите во кои се населиле, во почетокот на покрагок, а подоцна на подолг и траен  рок.

Сега, со извесна дистанца од скромните дела за дијаспората, се гледа колку е силно и моќно илинденското племе Македонци, прифатено од меѓународната заедница како библиска нација, која го задолжила светот со старословенската писменост и куптура. Сега се гледа и чувствува големината на Илинденската епопеја, светлината што извира од неа за да го детронизира мракобесието и да го покаже латот на македонската национална ренесанса.

Бескрајно долг и трнлив пат, исполнет со блескави страници на едно величествено истрајување, Македонија го минувала низ лавиринтот на времето на една феноменална исклучивост: нација и Црква, кои што конечно се конституираа дури кон половината на XX век и народ со европски профил, лоциран во срцето на Балканот.

За жал, и денес во цела Беломорска и Пиринска Македонија владее национално и политичко ропство. Таму националистите, јаничарите и шовинистите прават големи усилби да го обезличат македонскиот национален дух и да го уништат и длабоко да го закопаат богатото историско и културно минато на македонскиот народ, за што пишувале голем број интелектуалци, паталци, патеписци и добронамерници.

Својата вековна слобода, но само во вардарскиот дел, Македонија ја извојувала во Народноослободителната борба што ја водела во текот на Втората светска војна против германско-бугарско-италијанските фашистички окупатори. Во текот на, речиси, петгодишната крвава борба, во која Македонија дала преку 20.000 жртви, во заедница со другите југословенски народи од поранешна Југославија.

Од 1991 година па до денeс Македонија минува низ макотрпен период во својата демократска трансформација. Жилаво се бори со тешките економски, социјални, меѓуетнички, верски и други проблеми, кои ја потресуваат од корен. Иако со статус на членка на Обединетите нации и НАТО, асоцијативна членка на Европската унија, на Советот на Европа и на многу меѓународни организации, македонската млада држава, сè уште не може да се ослободи од старите апетити на некои соседи, но и од глобалните интереси на големите држави, кои се прекршуваат на Балканот.

1SK

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

SHARE