Ѓорѓија Џорџ Атанасоски : Гордите Македонци го слават 2 Август

Големиот бизнисмен и претседател на Македонска Алијанса, испрати честитка  по повод 2 Август до целиот македонски народ.

“Втори август е значаен ден во македонската историја на гордиот македонски народ. Започнувајќи уште пред Христа, Филип 2 и Александар Македонски на овој ден, предводејќи ја македонската војска ги поразува војските на Атина и Теба и ја зацрвстува македонската држава преземјаќи ги градовите-полиси.
Токму на овој ден, духот на македонскиот непoкор и македонската самобитност продолжуваат да ја водат македонската нација кон создавање на сопствена, македонска држава. Во таа битка, продолжувајќи ја традицијата на зацврстување и самоосвестување, на втори август 1903 година во Крушево се раѓа борбата за ослободување од ропството на Македонија, и создавање на „Крушевската република“.

На втори август 1944 година се оддржува првото заседание на АСНОМ, со што конечно се затвара вековниот сон на гордите и храбри Македонци за сопствена, неазвисна и слободна Македонија, а дел од нив и учесници во илинденското востание.
Токму овој датум е длабоко, историски вкоренет во македонската самосвест и самобитие.
Затоа горди Македонци, вие кои останавте на браникот на непокорот, вие кои не ги прифативте поделбите, останавте со гордо кренати глави денеска, имате полно право да ги славите трите илиндени, историски поврзани кон потврдување на вистинската македонска империја, држава и нација.
Почитуван македонски народе, денешниот ден е ден даден од бога да го празнуваме радувајќи се на извојуваните победи за самостојна сопствена татковина.
Во оваа пригода сакам на сите Македонци во Егејска Македонија, Пиринска Македонија, Пустец, Голо Брдо и Гора, Албанија, Србија, цела Европа и ширум Светот да им го честитам втори август со желба за уште посилно зацврстување на македонската нација!
Втори август е денот за остварување на сонот за обединета Македонија!
Само сонцето е постаро од Мајкедонија!
Нека ни е честит и вековит 2 Август.
За многу години Македонци!”

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски,
Претседател на Македонска Алијанса

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *