Писмена реакција за ставот на Али Ахмети

Почитувани,

Во врска со ставот на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека не е добро да се организира референдум зошто може да биде злоупотребен од земји, организации кои не сакаат Македонија да чекори напред во НАТО Алијансата и ЕУ, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонската Алијанса е во право кога тврди дека Али Ахмети и ДУИ свесно и со умисла ја загрозува преговарачката позиција на Македонија. Да се негира правото на Македонскиот народ да одлучува за најважното национално прашање е директен внатрешен атак врз Македонскиот национален идентитет во режија на ДУИ!

Кога веќе Ахмети го објаснува својот став контра референдум со сомнеж дека би бил злоупотребен од трета страна која не и мисли добро на Македонија, Македонската Алијанса бара конкретен одговор од ДУИ – дали Законот за двојазичност нема да биде злоупотребен од Грција за дополнително оспорување на правото на Македонски јазик во графата во ООН? Како Ахмети го доживува тврдењето на Еди Рама дека тој е најзаслужен за Законот за двојазичност? Тоа нели е класична злоупотреба од Албанската Влада? Дали Тиранската платформа не беше злоупотреба или прославата на 10 годишнината од независноста на Косово во Македонија, повторно во режија на ДУИ?

Доста е лицемерие! Крајно време е Ахмети, Груби и Османи да престанат да играат на Грчка карта! Кога веќе еднаш ќе покажат лојалност кон својата Држава Македонија. Албанските политички фактори ќе имаат целосно право да се вклучат во прашањето за името тогаш кога ќе побараат од Владата на Еди Рама да го признае Уставното име на Република Македонија.

Македонскиот народ нема да дозволи велепредавство! Сигурни сме дека и нашите сограѓани Албанци ја разбираат подржуваат борбата на Македонскиот народ за зачувување на сопствениот идентитет. Нека не се лажат лидерите и партиите дека ќе можат да го продадат обезличувањето на Македонскиот народ како успех. Сакаме во ЕУ и НАТО но не по секоја цена. Бараме меѓународната правда да важи за сите подеднакво. Нема никаква правна логика да се потпишува нова билатерална спогодба кога актуелната Времена Спогодба не се почитува и спроведува од страна на Грција.

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! БРАЌА И СЕСТРИ ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Референдум ќе има! Или веднаш членство на Татковината во НАТО согласно пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг или преговорите за името се безпредметни!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *