КУПОТ СЕ ВРАЌА ВО ВИТРИНИТЕ НА МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија деветата куп-титула на Македонија, откако вчера во фианлето го совладаа Работнички со 76-69.

По пауза од една година, трофејот се враќа во витрините на клубот од Аеродром. Победата е дотолку послатка, што доаѓа по една неуспешна сезона во АБА-лигата, а истовремено му е нанесен и првиот пораз на Работнички сезонава.

Оваа победа би требала да биде и мотив повеќе за тимот од Аеродром во одбрана на титулата, која Работнички сигурно ќе ја нападне со сите сили.

Во текот на целиот натпревар, аеродромци беа во водство кое повеќе или помалку се движеше во рамките на крајната разлика. Со оваа победа, МЗТ се израмни со Работнички, и двата клуба имаат по девет куп-титули, а Дамјан Стојановски и Бојан Трајковски имаат по шест, со што го стигнаа Ѓорѓи Чековски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *