Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска одржа работна средба со шефот на Програмската канцеларија при Канцеларијата на Обединетите нации – UNODC во Република С. Македонија, Бил Вуд.
На средбата, сппштија од МВР, биле разменети информации и гледишта во делот на секојдневното работење, со осврт на актуелните предизвици во работата.
– Главниот фокус на работната средба беше насочен кон идните планирани активности во борбата против криминалот, особено во правец на презентација на предлог проектите на UNODC: AIRCOP (Воспоставување комуникација меѓу меѓународните аеродроми во реално време) и CCP (Подобрување на менаџирањето со ризици, синџирот на набавки, олеснување на трговијата на граничните премини, со цел, превенција на движењето на нелегални стоки), се наведува во соопштението од МВР.
Во однос на предложените проекти, министерот Нухиу дал безрезервна поддршка, со укажување на потребата од натамошни консултации и координација со надлежните служби.
И министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и шефот на Програмската канцеларија на Канцеларијата на Обединетите нации во Република С. Македонија, Бил Вуд го потенцирале ставот дека остануваат отворени за поддршка и натамошна соработка, во полза на заедничките цели и приоритети: откривање, спречување и сузбивање на сите видови криминал.
Fantastic perspective! The points you made are thought-provoking. For additional insights, check out this link: FIND OUT MORE. What do others think about this?