Нухиу ги потпиша актите за двојазични полициски амблеми

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на Фејсбук објави дека се потпишани нормативните акти за амблемите на полициските униформи и на албански јазик.

– Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, единицита за специјални должности, наведува Нухиу.

Агим Нухиу го предводи МВР откако му истече мандатот на техничкиот министер Наќе Чулев по објавувањето на официјалните резултати од предвремените парламентрани избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *