Дачијан Чиолошо: На Северна Македонија и треба стабилна проевропска влада за да го трасира патот кон ЕУ

Групата „Обнова на Европа“ во Европскиот парламент ги поздрави добро спровдените предвремени парламентарни избори, што се одржаа вчера во земјава и ги повика проевропските политички партии да формираат стабилно мнозинство за новата влада, јави дописникот на МИА.

Резултатите од разговорите за коалицијата ќе биде клучен за иднината на земјата и за нејзиниот напредок во следните преговори за пристапување во ЕУ.

– Северна Македонија во последните години спроведе големи реформи и донесе историски решенија со кои се потврдија нејзините атлантски и европски перспективи. Од суштинско значење е новата влада да го зачува и следи овој напредок. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат проевропско политичко мнозинство, во смисла на вредности и акции, и одговорна и компетентна влада за да се соочи со важните предизвици со кои се среќава со кризата со КОВИД-19 и да го продолжи процесот на проширување, изјави претседател на партеничката група „Обнова на Европа“ во Европарламентот, Дачијан Чиолошо.

Од своја страна известувачот за Северна Македонија во ЕП и член на ова политичка група Илхан Ќучук го поздрави, како што ијави, уредното и непристрасно спроведување на изборите во Северна Македонија, што се одржаа под околностите на КОВИД-19.

– Првите резултати покажуваат дека формирањето влада ќе потрае некое време, но јас чекам со нетрпеливост формирање на стабилно мнозинство што може да ја преземе политичката одговорност за европската иднина на земјата. Новата влада треба да се насочи кон силен и инклузивен реформски консензус и кон меѓуетничка соработка, истакна Ќучук.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *