Владата предводена од СДСМ води чесна и транспарентна политика во справување со пандемијата на КОВИД-19 вирусот и остварува најдобри резултати во регионот во справување со последиците врз економијата предизвикани од пандемијата, кажа претседателот на СДСМ Зоран Заев на ТВ дуелот со лидерот на СДСМ Христијан Мицкоски на Националната телевизија.
Заев вели дека Владата покажала флексибилност, инвентивност, и докажала дека државата финансиски, солвентно и ликвидно е подготвена да се справува со вакви предизвици.
– Јас сум убеден дека имаме капацитет уште повеќе да им помагаме на граѓаните, на работниците и на македонската економија. Ако има потреба и понатаму ќе продолжиме да земаме кредити и да штедиме непродуктивни трошоци во македонскиот буџет за да помогнеме на граѓаните колку што можеме повеќе. Пуштивме 28 милиони евра во платежни картички до граѓаните, ваучери за да им помогнеме на најсиромашните и апсолутно за мене тоа се правилно потрошени пари. Три пати по 30 милиони евра за април, мај и јуни помагање директно на стопанството на 200.000 работници. Повеќе од 100.000 работни места се сочувани како резултат на тие мерки. Пуштивме бескаматни кредити и ќе пуштаме повторно колку што ќе можеме да собереме плус пари за да може да се одржи нашата македонска економија. Дополнително ги одложивме даноците, аконтациите на данокот на добивка, ги помогнавме невработените, примателите на социјална помош, 25 милиони евра дадовме грантови на македонската економија за да можат да ја искористат оваа развојна предност што секоја криза ја дава како можност, истакна Заев.