Одлуките за одземање на имунитетот на пратениците потпишани и проследени до судот

Претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш по завршувањето на денешната седница ги потпиша одлуките за симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и тие се веќе проследени до Кривичниот суд.

Претходно, Собранието на 25. седница го одобрија барањето на судот за одземање на имунитетот на Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *