Воените ренџери донираа храна за десет семејства во Гостивар

Припадниците на единицата за специјални операции – Ренџер, донираа пакети со храна за десет социјално загрозени семејства во Гостивар.

Делегацијата која предводеше командантот на единицата, потполковник Ментор Саити, оствари средба и со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на која било разговарано актуелните состојби поврзани со пандемијата од КОВИД 19. Во разговорите биле разменети и информации за активностите кои ги спроведуваат и за унапредување на меѓусебната соработка.

Повод за средбата беше и донирањето на пакети со прехранбени и хигиенски производи.

– Донацијата е во рамки активности за воено-цивилната соработка и е наш скромен придонес во оваа ситуација. Припадниците на единицата добороволно се откажаа од еден оброк и продуктите ги донираа за социјално загорзени семејства. Оваа донација ја реазлизиравме во соработка со локалната самоуправа и според листата на приоритети од локалниот центар за социјални грижи, изјави за МИА потполковникот Ментор Саити.

Пакетите до семејствата ги диструбираа припадниците на единицата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *