ЈАДА ПОСЛЕДЕН ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Македонскиот олимпиец, Ставре Јада, заврши како последен 79. од 80 натпреварувачи во квалификациите во дисциплината спринт во крос-кантри. Позади него остана единствено натпреварувачот од Кина, Сун Чингаи кој беше дисквалификуван.

Јада имаше заостаток од 1 минута и 20 секунди зад победникот во неговата квалификациска група, Ристомати Хакола од Финска. Инаку во финалната група се пласираа првите 30. натпреварувачи од групата.

Во петок е трката на 15. км, во која очекуваме подобар настап на Јада.

SHARE