УПОЗ добил уверување од МИОА дека административците ќе ги задржат работните места

Сите вработени во администрацијата ќе ги задржат своите работни места, а доколку анализата којашто се прави покаже дека во одредени случаи постои превработеност,  одреден број вработени исклучиво со нивна согласност, би биле преземени кај работодавач од реалниот сектор кој би ја гарантирал сигурноста на работното место.

Ова, како што пренесува Синдикатот на УПОЗ, им било укажано од страна на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Од Синдикатот на УПОЗ, на чија иницијатива била денешната средба, информираат дека од страна на министерот Манчевски им било кажано дека се преземени и активности во насока степенот на кариера да им биде исплатен на сите административни службеници кои ги исполнуваат услови за тоа, а веќе започнатите судски постапки да се завршат со судско порамнувања или спогодба.

Манчевски посочил и дека доколку институциите прават притисоци врз вработените и не го исплаќаат степенот на кариера, за тоа веднаш да го информираат Министерството.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и министерот Манчевски истакнале и заеднички став дека институциите имаат обврска доследно да ја почитуваат одлуката за работното време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *