Општина Новаци набави нова комунална механизација

Општина Новаци го заврши вториот проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и рaзвој, а со цел набавка на градежна механизација.

Во рамки на проектот набавени се комбинирана машина ровокопач, камион кипер и камион цистерна.

– Механизацијата е испорачана и вкупната вредност на јавната набавка изнесува околу 300.000 евра. Општината ќе ги користи повеќенаменски и тоа за зимско одржување на локалните улици и патишта во рамки на зимската служба на комуналното претпријатие, а ќе се користи и за чистење на диви депонии, пренесување на градежни материјали по населени места, за потребите на месните заедници и за градежни интервенции на подрачјето општината. Со набавката на градежната механизација, повеќе нема да се објавува тендер за зимско одржување на локални патишта и улици, тендер за чистење на дивите депонии нити тендер за ангажирање на  градежна механизација со тоа што  би се овозможило поврат на инвестицијата, изјави градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузмановски.

Изборот на комунално-градежната механизација е направен на јавна расправа во тамошната локална самоуправа и е во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *