Реафирмирана поддршката на САД за членство во НАТО

Пратеникот Артан Груби кој престојува во САД, го посети Пентагон каде што се сретна со американскиот заменик државент секретар за одбрана, Лаура Купер.

Како што соопшти собрансиката Комисија за европски прашања чиј претседател е Груби, на средбата била констатирана одличната соработка на полето на одбраната и борбата против тероризмот.

– Купер истакна дека поддршката на САД на полето на одбраната за Македонија е висока и константна при што изрази целосна поддршка за  евроатлантските аспирации и напори на земјата за надминување на сите пречки на тој пат. Исткна дека треба да продолжат реформите во земјата, а поддршката на САД нема да изостане, се наведува во соопштението.

Високата претставничка на Пентагон нагласи, се додава, дека Македонија е партнер на САД и дека Вашингтон ги вреднува нашите напори и придонес кон активностите на Алијансата. Од интерес на САД е да ја видат Македонија во НАТО и затоа, се посочува, таа ја реафирмирала поддршката додавајќи дека нејзината скорешна посета на Македонија поминала во конструктивни средби.

Груби на средбата говорел за пресудната улога на САД во последните две декади во Македонија и регионот и истакнал дека сите наши успеси се резултат на заедничките напори. – Затоа, последните чекори кон целта треба да ги изодиме заедно, храбро и да ја реализираме заедничката цел, Македонија членка на НАТО и ЕУ, рекол Груби.

Македонија продолжува со интензивно темпо да ги спроведува реформите, да го заокружи нормативниот дел од Охридскиот договор, и да ги решава споровите со соседите по примерот на договорот со Бугарија. Затоа,нагласил Груби, сега е времето за НАТО и сите наши напори и енергии се концентрирани кон реализација на проектот што ќе ни обезбеди мир, стабилност, сигурност и е предуслов за економски развој.

Соговорниците, исто така, разговарале и за борците во странски конфликти, тероризмот и екстремизмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *