ЖРК ВАРДАР ЌЕ СОЗДАВА РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ

Оваа сезона ќе биде последна во која боите на ЖРК Вардар ќе ги бранат странски ракометарки. Воедно ова ќе биде последен обид да се стигне на врвот на европа во Лигата на шампиони. На ракометарките и официјално им е кажано дека треба да си побараат клубови и дека во иднина Вардар ќе се потпира на свои сопствени кадри.

-Клубот во моментов е апсолутно сконцетриран на освојувањето на шампионската титула во ЛШ. Второ, од септември клубот ќе функционира со ракометарки од сопствениот погон. Планираме со нив да се работи на подолг рок, да им се наметне победничка амбиција и тие да станат дел од репрезентацијата за ЕП 2022 година. Иднината на клубот не е доведена во прашање – изјави Горданата Нацева, извршна директорка на клубот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *