Заменик-претседателот на Европскиот Парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, смета дека има историска шанса за решавање на спорот за името на Македонија, информира Њуз.ин.
Во статија за француската информативна мрежа „Mediart“, грчкиот политичар посочува дека „владата на премиерот Алексис Ципрас и новиот кабинет на Зоран Заев во Скопје одат напред со решителни чекори кон конечно разрешување на спорот за името на Македонија, по 25 години погрешни приоди и одолговлекувања од претходните влади во двете земји“.
Димитрис Пападимулис го потенцира прашањето за стабилноста на Балканот и особено на Западен Балкан, кои според него „децении наназад страдаа од иредентистичките стремежи на популистичките влади и национализми, кои самиот дијалог го прават потежок, како и од стравувањата од распад на албанскиот национализам“.
– Грчкиот национален интерес налага да ги завршиме сите отворени прашања и фронтови и со содејство на европските партнери да нацртаме една нова иднина за регионот, далеку од духовите, нерационалностите и безизлезноста од минатото“, пишува Пападимулис во текстот во мрежата „Mediart“.
Во изјава, пак, за грчкото радио Real fm, Пападимулис, во однос на одлуката на македонската влада за промена на имињата на аеродромот и автопатот, наведува дека тоа што го направи Заев е важно, позитивно, смело и не треба да се потценува. Додава дека напорите на Заев и Ципрас се поддржани и од Европската народна партија, во која припаѓа Нова демократија и од Европската социјалистичка група, во чии рамки се и грчките партии ПАСОК и Река.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Пападимулис смета дека решението би можело да дојде со потпишување на обврзувачки меѓународен договор.
– Еден меѓународен договор ратификуван од ОН, од Европската унија, обврзувачки за двете страни, што ќе ги содржи и следните чекори, според правниците има надуставна сила, ги обврзува страните да ги усвојат чекорите што се потребни и ако не го сторат тоа ќе подлежат на санкции, а другата страна ќе може да преземе контрамерки. Мислам дека ако постои политичка волја да се напуштат иредентизмите, ова може да се вклучи на јасен начин во формирањето на договорот, објаснува Пападимулис за Real fm.
Very well written! The points discussed are highly relevant. For further exploration, I recommend visiting: LEARN MORE. Keen to hear everyone’s opinions!