Презентација на дел од богатото културно наследство

Денот на Заедницата на Ма­кедонците во Република Хрватска по прв пат оваа година се одржа во Сплит, на 25 ноември 2017 г. Местото на одр­жувањето беше Мултимедијал­ниот културен центар Сплит –
Дом на младите, а домаќин на настанот – македонското кул­турно друштво „Македонија“ од Сплит. Иако приредбата беше за­кажана во 17 часот, автобуситесо Македонците и Македонки­те од цела Република Хрват­ска почнаа да пристигнуваат и порано во Градот под Марјан. Сплит тој викенд беше центар на македонското национално малцинство во Република Хр­ватска. Големиот амфитеатар на Домот на младите во Сплит по­чна да се полни веќе од 15 часот со учесниците на сите македон­ски културни друштва од цела Хрватска. А ги имаше нависти­на од секаде. Освен домаќините, МКД „Македонија“ од Сплит, пристигнаа МКД „Билјана“ од Задар, МКД „Илинден“ од Рие­ка, МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, МКД „Охридски би­сер“ од Загреб и МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек. Песни, ора, носии и поезија. Веќе неколку минути пред 17 часот амфитеатарот беше полн со љубопитни гледачи кои со нетрпение очекуваа да про­следат што овој пат ќе пону­дат Македонците во Хрватска во насока на презентирање на дел од богатото културно на­следство низ песни, ора, носии и поезија. По интонирањето на државните химни на Република Хрватска и Република Маке­донија, водителката ги поздра­
ви присутните гости, меѓу кои беа и членот на Советот за на­ционалните малцинства на РХ, Ангел Митревски, почесниот претседател на Заедницата на Македонците во РХ, д-р Нико­ла Гроздановски – Коле, совет­никот за национални малцин­ства на Сплитско-далматинска­та жупанија, Марко Бекавац, претседателот на Одборот за националните малцинства на Град Сплит, Тончи Блажевиќ, советничката за национални малцинства и верски заедници на Град Сплит, Марина Кузма­ниќ Петреш, претседателот на Координацијата на советите и претставниците на македонско­то национално малцинство за Р. Хрватска, Томе Апостолоски, претседателот на Заедницата на Македонците во Р. Хрватска, Илија Христодулов, како и број­ни други претставници на оста­ натите национални малцинства во Град Сплит и Сплитско-дал­матинската жупанија. По кратките воведни и по­здравни говори на претседате­лот на ЗМРХ и неколкумината гости, се помина на музичкосценскиот настап на секциите од културните друштва кои де­луваат во Заедницата на Ма­кедонците во РХ. Настапија: пејачката група „Македонија“ под водство на Олга Барбир, мешовитиот збор „Пријатели“ под водство на Вања Бамбуќ, „Клинци-мандолинци“ под вод­ство на Ивана Кенк Калебиќ, професорка, фолклорната гру­па под водство на Блага Маса­чеси, учениците кои посетуваат настава на македонски јазик во ОУ „Скалице“, под водство на Милена Георгиевска, сите од Сплит. Во ритамот на седум осмини и богата гастро понуда. Следни беа литературно­драмската група „Записи со љу­бов“ и инструментално-пејач­ката група на МКД „Билјана“ од Задар. Фолклорната група „Танец Осиек“ под водство на Мирта Гало го претстави МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек. Македонците од Загреб, МКД „Охридски бисер“, се претста­вија со рециталот „Преместен камен“ од Никола Маџиров, а настапија и пејачката група „Моми бисерни“ и фолклорна­ та група „Китка“ со сплет на македонски ора.
МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула за оваа прилика имаше подготвено рецитал на поезија во изведба на Милена Златеска, со музичка придружба на Игор Јаневски на тапан, а во продол­жение се појавија и Драго Дра­гузет и Авелина Дамијањевиќ со стари напеви, по што следу­ваше настапот на Магдалена Златеска со Игор Јаневски. Крајот беше резервиран за МКД „Илинден“ од Риека. Нив­ната пејачка група под водство на Ивона Дуноски Митев во придружба на музичката група под водство на Јуре Ручиќ из­ведоа сплет од македонски на­родни песни, а за крај нивната фолклорна група под водство на Марјан Митев ги крена сите Македонци и Македонки на заедничко оро на бината. И за крај, секако заслужу­ ва да се потенцираат сите вред­ни раце на нашите Македонци и Македонки, кои се потрудија да ја оправдаат поговорката: „Крајот делото го краси“. Крајот овој пат беше претставување на македонска гастро понуда во која некој помалку, а некој по­ веќе, но сите доволно придоне­соа за да се потврдат Македон­ците и Македонките како добри домаќини, што навистина и се.

Биљана Митревски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *