Монографското дело „Семејството Видинивски“ на Славе Катин, а во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје, 2019, 1-445 (на англиски и македонски) е посветено на ова македонското семејство кое пред педесетина години се преселило во демократска Канада, но не ја заборавиле родната земја чиј корени се протегаат во селото Крстоар, Битолско во Македонија
Инаку, Рада Видиновска е позната на нашата македонска книжевна јавност. Досега таа напишала четиринаесет поетски остварувања кои излегоа во Македонија. Затоа, ние сме длабоко уверени дека нејзиниот книжевен растеж станува сé повпечатлив, со ист или сличен тематски круг. Досега пред нас имаме поезија на спокојна и мудра реч, метафорички збогатена и изразно изнијансирана. Значи, станува збор за автор кој сé поуверливо и се наложува на македонската книжевна јавност
Затоа, за книгата песни „ХАРФА“ на Рада Видиновска, Тоде Илиевски ќе изјави дека ова дело изобилува со една радост и една звучна убавина, со една радост и роза на женската нежност и питомина. Таа е преполна со плодни амбари и жита од детството, со несоници и тишините на нишалките родокрајни. Видиновска е големата македонска поетеса од дијаспората, чиј живот и дар се песната и соништата на ветровите и харфите. Треба да се чујат струјните и воздишките на нејзината звучна харфа, на тие вишни вознесенија.
Во стихозбирката на турски јазик „Чок куси“, чиј превод е на Есад Бајрам, кој, меѓу другото ќе напише дека најновата книга песни на турски јазик е превод на нејзината деветта стихозбирка во која се поместени 52 објавени песни на Рада Видиновска. Песните ја откриваат Рада со нејзиното поетско владеење како светилник, искра и убавина што го расветлува големото ѕвездено небо и колорит на нејзините јазични копнежи.
Видиновска е свесна за појавата на живата метафора, живите јазици, современоста и апсолутизмот на практичниот ум и дух. Таа е многу блиска до родописните брези и веењата на своите Онтариски бури и ветрови, до прашањата и чинителството за селидбите, судбинските откопи и доаѓањето во светот – незнаен: каде што тишината и шепотот се слушаат како песна или молк.
За стихозбирката „Бисери и кавали“ ќе биде објавено дека овој ракопис ќе си ги најде своите читатели – колку во татковината и уште посигурно зад океаните, таму каде што македонската траума веќе има свои длабоки корени и апсолутни суштини. Станува збор за поезија која недвојбено е апсолутен придонес на македонската литература, бидејќи, меѓу другото, влегува како составка на еден континуитет кој ја одразува самобитноста на еден народ.
Во стихозбирката „Трендафилот од Живојно“, поетесата Рада Крстевска – Видиновска ќе напише дека оваа песна е за Димитрија Миладинов и неговиот јубилеј 200 години од неговото раѓање (1810-2010), во која меѓу другото вели:
Во малото гратче Струга
крај грнчарското тркало на таткото Христо и
мајката Султана – родена
во потпелистерското село Магарево, Битолско
се родија осумте чеда од стеблото и родот на
браќата Миладиновци:
Димитрија, Тане (или Атанас), Мате, Апостол,
Наум, Ана, Крста и најмалиот
Константин – како посмртче.
Димитрија Миладинов беше нашиот голем
учител, публицист, преведувач, општественик,
народен трибун и деец од XIX век,
борец кој жестоко се спротивставуваше
на елинизмот и фанариотите,
а, пред сé, голем народен предводник на кои им
бил учител на цела преродбенска
генерација како: Григор Прличев,
Рајко Жинзифов, Партенија Зографски,
Кузман Шапкарев,
Ѓорѓија Пулевски, Марко Цепенков и други
поборници
на големото македонско-духовно
еманципирање.
Се школувал во келијното училиште во Свети
Наум, како и во Јанинската гимназија
(1830/32), така што одлично ги изучува грчкиот,
францускиот и италијанскиот јазик.
Бил учител во Струга, Охрид, Битола, Кукуш,
Прилеп.
По средбата со рускиот славист Виктор
Григорович,
започнува со своите браќа Наум и Константин
со собирање на македонски народни песни,
обичаи и верувања, испејани од грлата и
устите на нашите баби и прабаби…
На 24 јуни 1861 година во Загреб,
со меценство на големиот хрватски маг и бискуп
Јосип Јурај Штросмајер, излегува на мегдан
нивната македонско-библиска книга,
Зборникот на народни песни.
Наклеветен од фанариотите,
затворен е на 16 февруари 1861 година, наводно за
руска шпионажа и бунтовност против
Турската Империја, така што од затворите во
Охрид, Битола и Солун, преку
Дарданелите бил префрлен во Стамбол, денешен Истанбул.
Зборникот на народни песни на браќата
Миладиновци, претставува импозантна
публикација и Света книга за нас
Македонците.
Тоа се песни собрани од Струшко, Охридско,
Битолско, Прилепско, Кукушко, Велешко…
Во својата книга „Автобиографија“ на Григор
Прличев, за својот учител Димитрија
Миладинов, ќе го сретнеме и следниов запис:
„Нашиот учител Митре-Димитрија
Миладинов, низ сите свои неволи, дојде во
Охрид околу нас.
Тој се смести во нашата дедовска куќа заедно со
својата млада и убава невеста Митра Матова
од Струга.
Меѓу десетте учители-даскали што ги имавме
во Охрид, ниеден од нив не му беше рамен во
знаењето, воспитувањето и предавањето,
каков што беше Димитрија
Миладинов.
Низ своите предавања и знаења, секогаш за
нас учениците, тој беше привлечен и
образован.
Речта, од устата му течеше како мед.
Свештен оган и зрак му гореја и извираа од
очите.
Даровина беше тоа од Бога, бидејќи за шест
месеци ние го преведовме целиот том на
Телемах. Одлично го владееше грчкиот јазик,
што подоцна и јас го изучив многу добро,
и ја освоив Лаворовата награда во Атина за
својата поема Сердарот.
За стихозбирката „Огниште“, авторката Рада Видиновска, пак, ќе го напише следното: „Канада треба да има повеќе писатели од дијаспората и Македонија, што сето тоа претставува подобар и повисок национален идентитет, успех, резултат“.(Нортоп ФРАЈ, канадски професор и теоретичар)
Надвор врне дожд. Ќе заплакам или ќе залипам пред доаѓањето на дождот. Во собата ги прелистувам старите страници, старите знаци и метафори. Тоа ме потсетува како собир пред селското огниште кога во Живојно, заедно со огнот, ги слушавме старите македонски приказни, песни, преданија, верувања. Огништето и топлината беа моите далечни поетски соништа, моите искушенија. Океанот од другата страна ме принудуваше со себеси и со својата душа да ги преполнам куферите со книгите на Анте Попоски, Блаже Конески, Гане Тодороски, Матеја, на Славко, Шопов, Радован – принцот на метафората, на Силјан, Веле, Бранко, Весна, Илин, Стрезовски, Кумбароски … Ги читам сега песните на моите колеги.
И така со сето мое семејство патував и сонував. Ги сонував убавите нешта на човекот. Никогаш не можев да го заборавам моето родно ОГНИШТЕ, мајчинскиот македонски јазик, идентитетот, чувството што се нарекува да бидеш поет, творец или народен даровит пејач. Господе, јас верував во тебе. Така никнуваше и песната „Липа од Торонто“ и стихот: „Зар можеше липата да не ја љубиш, а мирисот да те повива и блажи, како дете во пелена“. Надвор, дождот сé уште врнеше …
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
I found this article both informative and enjoyable. It sparked a lot of ideas. Lets chat more about it. Click on my nickname!