Изложба на 22 дела од Златко Крстевски во Прилеп

Прилепскиот уметник, карикатурист и стрип-мајстор Златко Крстевски синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“  во Прилеп отвори изложба со 22 дела – слики масло на платно насловена „Terra Incognita“.

Создадени се во периодот од 1990 до 2020 година и, како што вели авторот, инспирирани од средновековното византиско сликарство.

– Делата се со силна визуелна сугестија каде се испреплетуваат сонот и имагинарното, апстрактното и фигуративното помеѓу чистиот израз и приказната за „Тerra Incognita“. Инспириран сум од средновековното византиско сликарство, користејќи го синилото и окерот како медитерански знак за изразување, рече Крстевски.

Тој има бројни изложби во земјава и во странство, застапен е во арт-антологии и има повеќе перформанси. Добитник е на голем број награди во земјава и во светот, зашто многу успешно се занимава со сатиричниот цртеж, со карикатурата и стрипот што му се долгогодишна успешна преокупација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *