Во рамки на одбележувањето на Денот на раѓањето на Гоце Делчев и патрон на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес денеска беа промовирани книги „Мостови на убавината“ од проф. д-р Кристина Николовска и „Клуч во клучалката на детството“ од проф. д-р Весна Мојсова Чипишевска, наменети за децата, но и за возрасната читателска публика.
Проф. Мојсова Чипишевска за книгата на нејзината колешка рече дека колку денеска е празник за самата авторка толку е и празник за поетот Стојан Тарапуза на кому му е посветена оваа книга – петта по ред зошто веќе таа има објавено монографии за Гане Тодоровски, Славе Ѓорго Димоски, Венко Андоновски и Анте Поповски.
– Стојан Тарапуза е вистински предизвик за секој еден книжевно-теоретски и книжевно-историски проучувач, за секој суптилен критичар токму каква што е и Кристина Николовска, потенцира нејзината колешка Мојсова Чепишевска.
За книгата „Клуч во клучалката на детството“ од проф. д-р Весна Мојсова Чипишевска, нејзината колешка проф. Николовска оцени дека нејзиното најново творечко дело е монументално важно дело,
I found this article both enjoyable and educational. The points made were compelling and well-supported. Let’s talk more about this. Check out my profile for more interesting reads.