Покрај Хомер, Хесиод (околу 700 г. пред Христа) од градот Аскра на Хеликон во Беотија, е најстар хеленски епски поет, од едно еолско племе. Според некои автори (E.I.E, 1976, 1490.), Хесиод пишувал дека синот на Зевс е со исто презиме со Македонија и Македонците. Неговите дела, како што се „Работи и Денови“ (збир од дидактичко-морални песни, митови и сентенции поврзани со секојдневието) и „Теогонија“ (за постанокот на светот и митови за боговите), се важни извори за проучување на најстарите погледи на светот и религијата.
Хесиод (етимолошкиот `ησα, hesa, аорист αδω, ado-пее и αδευω, οδος, odevo, odos-патува) како што и му означува името, бил „патувачки пејач“. Неговото најзначајно дело „Теогонија“ има околу 1000 хексаметри, но е сочувано во делови. Во неговиот филозофски пристап кон козмогонијата се истакнува дека во почетокот постоела сеопшта материјална стварност од која произлегле сите предмети, појави, суштества. Општата стварност била наречена хаос, или сеопфатен Океан, односно празнина Апејрон (επειων), од кој произлегол материјалниот свет и боговите.
Надвор од него не постои ништо зашто тоа пространство е бескрајно, а тоа е Голема Провалија. Од Хаосот се одвоил врховниот бог Ерос, сеопшта енергија или сила. Од Еросот се создале Земјата, Ереб, Ноќта и Тартар, така што Ерос е творец и архитект на целиот Свет. Земјата (γαια, Geja) е голема материјална топка и база од која се развил светот. За заштита на Земјата, Ерос создал две обвивки.
Митолошки дејствија
Надворешната обвивка се вика Ереб (Ερεβος, erebos-бездна, провалија), која е густа и мрачна, додека внатрешната обвивка поблиска до Земјата е наречена Ноќ (Νυξ, niks-темнина, мрак), персонификација на ноќта (мракот). Земјата е серодилка и сехранителка. Таа ги родила: Уран (Небо), прекриен со ѕвезди, Море (Поинт-персонификација на вода) и големите планини (Ореа).
Понатаму, таа соединета со Уран ги раѓа: Титаните (Океан, Кеј, Криј, Хиперион, Јапет и Крон), Титанките (Реа, Теа, Темида, Мнемосина, Феба и Тетија), еднооките киклопи (Арг, Бронт и Стероп) и на крај Сторачните џинови-хекатохејри (Кот, Гиго и Вријареј). Уран, како татко, ги мразел своите деца, па ги криел во утробата на Земјата, заради што таа од нивната тежина страдала и смислувала лукавство и освета. Кога успеала да направи срп од кремен, ги викнала своите деца да го казнат лошиот татко.
Меѓутоа, децата се уплашиле, освен најмалиот Крон, кој го почекал татка си во заседа и го кастрирал. Од крвта која паднала на Геја се родиле Ериниите, Гигантите и Нимфите, додека од гениталиите кои паднале во морето, од пената која се создала, била родена Афродита (αφρος, afros-пена), божица на љубовта, љубовните уживања, убавината и привлечноста (Хесиод, Теог. 116 и понатаму).
Геја подоцна се соединила со својот син Понд и му родила пет божества: Нереј, Форк, Таумонт, Кето и Еурибиј. Подоцна таа родила уште пет деца, како што се Орион, Ехидна, Питон, Титија итн. Креон се оженил со сестра си Реа (од ρεω, reo-струја, река) или Кибела, која му ги родила Зевс, Хера, Хад, Хестија, Деметра и Посејдон. Мажите владееле со светот, а луѓето живееле како богови, ослободени од работа, болести и грижи, сé додека од власт не ги тргнал Зевс во титанимахијата. Титаните ги фрлил во Татар, а родителите ги пратил на островот на блажените.
Според едно предание, новородениот Зевс неговата мајка Реа, за да го спаси од Крон, кој ги голтал своите деца за да се спаси од претскажувањето дека син ќе го тргне од престолот, го дал на нимфата Тисо на чување. Зевс растел брзо и зајакнувал, ги совладал Крон и Титаните заедно со своите браќа и сестри, со што ја тргнал од власт втората генерација богови на Светот. На Зевс му припаднало владеењето со небото, Хад подземјето, а Посејдон со морето. Меѓутоа, новите владетели на светот набрзо морале да започнат борба со моќните гиганти, кои бабата Геја ги наговорила да му се осветат на Зевс зашто ги фрлил Титаните во Тартар.
Како место на раѓањето на Гигантите се споменува Флегра во Тракија или во Македонија (Хесиод, Теог. 185, Пиндер, Немеја, I, 67). Со Гигантите владеел Еуримедонт. Во големата битка на Флегриската Рамнина, во гигантомахијата, по тешките и бројни борби, победила третата генерација богови, на чело со Зевс.
По сите овие борби Зевс загосподарил со светот. Во Океановата палата тој се соединил со својата сестра Хера, која оттогаш се сметала за господарка на небото и единствена законита Зевсова жена. На венчавката дошле сите богови и донеле скапоцени подароци, меѓу кои и златни јаболка кои таа ги посадила во градината на боговите, а кои ги чувале ќерките на Ноќта, Хесперидите. Во овој брак биле родени: Ареј, Хефест, Хеба и Ејлејтија.
Зевс бил прељубник и ги сакал жените.
Така во бракот со Темида, ќерка на Уран и Геја, биле родени Хорите и Мојрите. Во бракот со Лето биле родени близнаците Аполон и Артемида. Со Деметра била родена Персефона, а со Еуринома ги добил преубавите Нарити итн.
Тој многу ги сакал нимфите и смртниците, а се појавувал во вид на орел, сатир, златен дожд, лебед, бик итн., создавал митски владетели и прочуени јунаци кои подоцна владееле со балканските простори (Херакле, Миној, Тантал, Радамант, Данај, Персеј и др.). Хомер и Хесиод својот митолошки систем го сместиле на Олимп, каде богот на боговите Зевс суверено владеел во кругот на семејството на олимписките богови (Ареј, Аполон, Хера, Артемида, Хестија, Афродита, Атена итн.), на кои им поделил звања и почести. Со тоа бил создаден хеленскиот пантеон. Во текот на времето неговото седиште се преселувало од Олимп и останатите планински врвови на небото, а Зевс станал врховен принцип на светот.
Целиот планински масив во Македонија каде што се наоѓа Олимп, бил посветен на боговите под името Пиерија (Света Гора), додека во чест на Зевс, под името Дион, биле изградени градови во Македонија, Атос и Еубеја. Во хеленистичката епоха името Зевс било давано и на многу нехеленски богови (Зевс Амон). Најстаро светилиште посветено на Зевс во Пелазгија (Елада), под ведро небо се наоѓало во Додона во Епир. За неговиот култ се грижеле свештеничките на божицата Диона.
Огромен жртвеник на Зевс бил изграден во Олимпија, каде биле спалувани коските на жртвените животни за време на Олимписките игри. Во VI век пред Христа и подоцна, на Зевс му биле посветени многубројни храмови, како што се оние во Нумеја, во Атина, во Олимпија, Пергам итн. Поетите на архаичниот историски период, Хомер и Хесиод, неволно, но доста успешно се обиделе да ги објаснат митовите на своето време на тлото на Балканот и на постојната култура.
Целата хиерархија на персонифицираниот митолошки систем го сместиле на врвот на непристапниот Олимп, чија секогаш снежна висина изнесува околу 3000 м, каде тие уживале земајќи амброзија и нектар. Како извори на своите раскажувања за боговите и постанокот на светот, поетите ги користеле „кажувањата на музите“. Од ова призлегува дека нивниот Свет во целина бил една голема апстракција. Но, и покрај тоа, Аристотел (Метаф. I, IV) го прогласил Хесиод за пионер на филозофската и научната мисла воопшто, дека митот во својата суштина содржи прави големи мисли и дека митот е главен извор на верата во бога.
Митолошки дејствија
Бунтот против Хесиодовиот митолошки систем почнал најпрво од Талес (624-546 г.), земјак на Хомер од Милет во Јонија, кој е еден од седумте светски мудреци на антиката. На делувањето на божествените сили во создавањето на светот, тој ги спротиставил природните процеси и ја прокламирал водата, основа на сите нешта. Во ова пресметување му се придружиле и други филозофи, како што се: Анаксимандер (610-546 г.), Ксенофон (570-478 г.), Хераклит (535-475 г.), Парменид (околу 500 години пред Христа) и други кои го осудувале митолошкото објаснување на светот.
Меѓутоа, имало и такви кои го оправдувале светот на боговите и хероите и го истакнувале алегориското објаснување на митот. Меѓу нив предничи Емпедокле (490-430 г.), филозоф, државник, природонаучник, лекар и поет, кој прв во филозофијата на космогонијата внел алегориски принцип на четири елементи: оган, воздух, земја и вода, како и законите кои ги регулираат нивните односи. Тоа се пријателството (како поттик или стимулација) и непријателството (како кочење или инхибиција). Емпедокле го означил громовникот Зевс како оган, неговата жена Хера како воздух, неговиот брат Хад како земја, божицата Нестис како влага, Афродита како пријателство, божица на неслогата Ерида како непријателство.
Во подоцнежните години, многу автори и школи биле против и за митот, обидувајќи се да ги толкуваат митовите не само алегориски, туку и со рационалистички метод. Во митовите тие го откривале и потврдувале пантеистичкото сфаќање на светот, што значително придонело во развојот на митологијата, систематизацијата и реконструкцијата на родословот на многу митски личности. Појавата и ширењето на христијанството придонело во понатамошниот развој на митографијата, со појава на бројни прирачници, лексикони, расправи и др. Во XVII и XVIII век се сметало дека Хелените ги презеле боговите од Ориентот, од фениќиските иселеници и дека наводно тоа ги потврдува историските и лингвистичките истражувања (Срејовиќ и Цермановиќ-Кузмановиќ, 1992 г., XVIII).
Продолжува
Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН
Limited studies ascertain the association between alcohol and multiple measures of mammographic density 21 priligy price