МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА РАКОМЕТЕН МУНДИЈАЛ

По инспекцијата која ја направија високи личности на ЕХФ, данецот Пер Бертелсен  кој беше и претседател на комисијата, и полјакот Марек Горалуч како нејзин член, одлучено е Македонија да биде организатор на светското ракометно првенство за кадети (19 години) кое ќе се одржи следната година.

Во изминативе два дена, комисијата на ЕХФ ги посети салите во СРЦ “Борис Трајковски” и СРЦ “Јане Сандански” и воодушевена од тоа што го виде на теренот без многу размислување даде зелено светло за организацијата. Покрај овие две сали, уште шест ќе бидат ангажирани за одржување на тренинзи на репрезентациите.

На светското првенство за ракометари до 19 години ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во шест групи од по четири селекции.

Засега е познато само дека мундијалот ќе се одржи следната година, а датумот ќе биде дополнително одреден.