РОНАЛД КУМАН СЕЛЕКТОР НА ХОЛАНДИЈА

Холандската фудбалска федерација одлучи за нов селектор на репрезентацијата да го постави 54-годишниот стратег Роналд Куман. Тој потпиша договор со федерацијата до 2022 година, до светското првенство во Катар. Официјалната промоција на Куман е закажана за следниот петок.

Куман последен пат беше на кормилото на англискиот премиерлигаш Евертон од каде по лошите резултати доби отказ. Во својата кариера досега беше прв човек на струката на Ајакс, Феенорд, ПСВ, Валенсија, Саутемптон и Евертон.