Почитувани,

По повод посетата на медијаторот Метју Нимиц и серијата средби со Државно – политичкиот естаблишмент на Македонија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

ВРЕМЕ Е ЗА ШОК ДИПЛОМАТИЈА!

Досегашната тактика на умереност и сервилна надворешна политика не вродува со плод. За жал, зголемениот оптимизам и очекувања дека јужниот сосед ќе отстапи од своите црвени линии полека но сигурно се троши. Грчките партии се разликуваат во нијанси, но во нивната суштинска уцена се единствени – Македонскиот народ мора да си најде нов идентитет ако сака да ги оствари Евроатланските интеграции. Вчерашната нервозна заедничка прес конференција на Никола Димитров и Метју Нимиц е потврда за тоа!

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!

Македонската Алијанса најавува Платформа за заштита на националните интереси. Во неа ќе бидат адресирани сите прашања поврзани со заштита на Уставното име и Македонскиот национален идентитет и обезбедувањето сигурна иднина за Татковината.

Најодговорните политички актери во Татковината мора конечно да соберат храброст за неопходните чекори. Уверени сме дека единствен излез од овој лавиринт е времено прекинување на преговорите за името. Времената спогодба од 1995 е се уште на сила. По тој основ легитимно е нашето барање прво да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата. Нам ни се потребни гаранции дека меѓународните норми важат за сите подеднакво. Работите мора да се изведат на чистина. Не може Грција и понатаму да избегнува да ги исполнува обврските кои ги превзема во меѓународните односи.

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

SHARE