ТРАДИЦИОНАЛНА ГАЛА ВЕЧЕР ВО СИДНЕЈ

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј во сабота 10 февруари со почеток во 19 часот во просториите на Hurstville Civic Theatre, MacMahon Street, Hurstville ја организира традиционалната Гала вечер при што ќе се доделат награди за глума и театарска уметност под име Александар Македонски.Наградите се поделени во следните категории, и тоа: Награда за најдобар дебитант; Награда за најдобра женска придружна улога; Награда за најдобра машка придружна улога; Награда за најдобра женска улога; Награда за најдобра машка улога; Награда по избор на публиката како и Награда за животно дело. Наградата Александар Македонски исто ќе им се додели и на индивидуалец и организација кои ја негуваат и промовираат македонската култура во Австралија.На оваа Гала вечер премиерно ќе се изведе монодрамата КАМЕНОТ ОД РОБИ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, а во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски. Членовите на Македонскиот театар: Гордана Милошевска, Владо Сазданов, Јаворка Котевска и Татјана Нешковска ќе настапат со посебни комични изведби. Ансамблот Илинден ќе настапи со музичко – забавна програма со традиционални македонски музички бисери.Ќе се направи промоција на ДВД од драмските продукции Изненадувачка забава и Сонце мое.На крајот на вечерта ќе следи богата македонска традиционална закуска и освежителни пијалоци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *