Писмена реакција за информациите на Грчкиот весник „Ефимерида“

Почитувани,

Во врска со информациите со кои располагаат Грчките медиуми дека предлогот „Република ГорнаМакедонија“ без англиски превод и придавката пред Македонија да биде споена за да се избегне посебниот изговор на името Македонија, е платформата врз која Метју Нимиц се обидува да постигне компромис, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонскиот народ нема да ги прифати уцените на Грчките националисти. Се бараат решенија кои треба да го замаскираат и историскиот факт дека ние сме Македонци во Македонија. На политичките актери во Татковината требаше досега да им стане кристално јасно дека Грција никогаш нема да го признае Македонскиот идентитет. Освен географска одредница во нашето Уставно име,  сите Грчки партии се согласни дека Македонскиот народ ако сака влез во ЕУ и НАТО Алијансата, мора да си најде нов идентитет. Дури Грчката Црква, рамо до рамо со најрадикалните структури организира собири на кои буквално се бара ништење на Македонецот!

Македонската Алијанса јасно порачува – НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

Грчките националисти имаат проблем со името Македонија бидејќи со Букурешкиот Договор од 1913 ја присвоија Егејска Македонија и спроведоа невиден геноцид и асимилација на Македонците. Насилно беа натерани Македонците да се попишуваат како Грци и беа сменети сите Македонски топоними. Затоа тешка неправда е од нас да се бара да прифатиме од одредници во Уставното име за да се направи разлика меѓу Грчкиот регион и нашата Татковина. Кога Грците без да прашаат никого избраа да ги сменат Македонските називи од Солун во Тесалоники, Воден во Едеса, Сер во Серез, Баница во Веви, Кукуш во Килкис, Кутлеш во Вергина, тогаш нека го сменат и името на регионот Македонија со Грчки назив или нека го вратат неговото вистинско име – Егејска Македонија. Така самите ќе си го исполнат она што ирационално го поставуваат како услов.

НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ! БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

One thought on “Писмена реакција за информациите на Грчкиот весник „Ефимерида“

  1. Great article! The clarity and depth of your explanation are commendable. For additional insights, visit: LEARN MORE. Looking forward to the community’s thoughts!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *