По средбите со Иванов и Заев, Нимиц на разговори со Димитров

 Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, по средбите со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“ и со премиерот Зоран Заев во Владата, попладнево пристигна во МНР на разговори со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Предвидено е, Нимиц и Димитров по средбата да дадат изјави за медиумите.

Медијаторот потоа заминува во Собранието на средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Метју Нимиц во Скопје дојде вчера, по посетата на Атина каде што имаше средби со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и со Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во опозициската Нова демократија.

Веднаш по пристигнувањето, само кусо порача дека „по Атина очекува добри разговори и во Скопје“.

– Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите со Владата и со другите лидери, изјави посредникот Нимиц по пристигнувањето во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *