Пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и министрите

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања.

Според вообичаената практика седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот. Седницата требаше да се одржи на 25 јануари, но е одложена за 31-во поради учеството на премиерот Зоран Заев на Економскиот форум во Давос, а и поради тоа што на седницата би можеле да присуствуваат и сите министри.

Според Деловникот прашања на премиерот и министри први треба да им постават пратеници од опозицијата, па потоа од владејачкото мнозинство. На седницата повторно, според најавите нема да учествуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *