Инвестиција од 1,5 милиони евра во обнова на патот од Старо Нагоричане до ГП Пелинце

Со тековната обнова на патот од Пелинце до граничниот премин Пелинце ќе се заокружи рехабилитацијата на целата патна инфраструктура во делот на општините Куманово, Нагоричане и Ранковце.

-Патната и железничката инфраструктурата се приоритет број еден на оваа Влада. Овде минува европскиот Коридор 8 и инвестициите што ги реализираме превенствено се насочени за развој на Коридорот кој за нас е стратешки патен правец, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета на општина Старо Нагоричане.

Во делот на патната инфрастуктура, истакна, Сугарески, во тек е силна градежна активност. -Конкретно во општина Старо Нагоричане завршивме со рехабилитација на патниот правец до Пелинце. Во овој момент се работи на рехабилитација од Пелинце до граничниот премин што е особено многу важен за сите населени места и граѓани што што гравитираат тука а ги има преку 4 500 граѓани. Вкупната инвестиција е 1,5 милиони евра. Исто така реконструирани се и неколку други регионални правци во Куманово и кумановско, кон Ранковце, така да ќе ја заокружиме целата патна инфраструктура во овој регион, рече Сугарески.

Според него, во ресорот „транспорт” има одлична динамика на реализацијата на капиталните инвестиции, Реализирани се околу 70 проценти во патната инфраструктура, преку 70 проценти во изградба на гасоводот, 64 проценти во изградба на железницата и 100 проценти изградба на социјални станови.

Градоначалничката на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска истакна дека регионалниот пат е од големо значење за општината како главна делница која ја поврзува со граничниот премин Пелинце и со многу населени места.

На средбата со Сугарески разговарале за проекти за подобрување на инфраструктурата за жителите во општината, а преку Министерството за транспорт и врски  работат и на капитален проект за  водовод во Младо Нагоричане  каде што сега е во тек  испитување на капацитетот на вода.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов најави дека поради поволните временски прилики ќе продолжат со активностите на терен. – Сега ги завршуваме последните два километра од вкупно 15 километри на целата оваа делница. Исто така, во изминатиот период се завршија активностите околу Кумановскиот регион и целиот овој регион каде што интензивно се работи, заврши патот  Куманово – Опае,  Куманово-Никуштак, завршени се 42 километри  рехабилитација на патот од  Куманово до Свети Николе. Заврши тендерската постапака за Искрин мост, информораше Китанов.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *