Гласот на жените во пратеничката група и професионализирање на работата на жените во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Конрад Аденауер денеска одржа работилницата чиј лајт мотив е Гласот на жените во пратеничката група и професионализирање на работата на жените во Собранието на Република Македонија.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска истакна дека се продлабочува соработката на Унијата на жени со меѓународните организации.

-Историски успех за Унијата на жени е полноправното членство во организацијата на ЕПП која ни ги Ширум ни ги отвора вратите за меѓународна соработка. Изразив благодарност за средбата со претседателката на организицијата на жени при ЕПП во Собранието, конструктивниот разговор и огромната поддршка од страна на претседателката на организацијата на жени, вели таа

ВМРО-ДПМНЕ ја продлабочува соработката со Конрад Аденауер, во наредниот период соработката ќе се прошири на ниво на Извршен комитет на Унијата на жени и претседателките на Општинските комитети на Унијатата на жени, додаде претседателката на Унијата на жени.

После победата на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Ласовска ќе се отворат вратите за квалитетни и успешни жени во извршната власт, а што поголем број на жени во политиката толку поздраво и подемократско ќе биде нашето општество.

Денес на настанот на работилницата за Гласот на жените во пратеничката група и професионализирање на работата на жените во Собранието на Република Македонија, се обрати и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Осoбено ме радува што овој проект и соработка се одвива под покровителство на нашите партнери а тоа е десничарскиот институт Конрад Аденауер и со срдечна помош и иницијаторство на Јоханес Рeи чија активност е за вреднување и поздравување“, додаде Мицкоски.

Мицкоски појасни дека дебатата за улогата на жените во политиката преставува чекор напред во долгогодишната борба за нејзините права и позиции кои доживуваат унапредување. Оваа дебата особено значење наоѓа на Балканот место каде рушењето на стереотипи и предрасуди е насушно потребно но и регионот каде се забележува значеен напредок споредено со годините нананазад.

„Конзервативизмот не е кочничар на позитивните процеси туку иницијатор на зачувувањето на традиционалните морални вредности и доблести. ВМРО-ДПМНЕ целосно ја признава и вреднува улогата на жената, која е значаен фундамент во сестраниот развој на општеството, но и од нашата историја. Ќе потсетам дека Македонската жена е активен чинител на сите историски настани и борби на нашиот народ, било да е периодот на славниот Илинден чиј код го носи ВМРО, или народно ослободителна борба“, рече Мицкоски.

Мицкоски при своето обраќање појасни дека без било какви пречки жените денес се дел од секојдненото функционирање на партијата, пратеничката група е само еден од сегментите, тука е и функционирањето во рамките на Извршниот Комитет, Централниот Комитет и Комисиите кои секојдневно работат во ВМРО-ДПМНЕ. Стереотипите се тие кои треба да се рушат.

„И ве уверувам дека особено внимание ќе посветувам откако ќе ја превземеме одговорноста да управуваме со државата жените да се активен чинител во обновата која треба да ја донесеме Да имаме жени министри, директорки, раководители на институции. Родовата еднаквост не е само бројка туку начин на дејствување“, потцрта Мицкоски.

Мицкоски додаде дека последниот случај со вознемирување на вработени припаднички на МВР покажува дека власта паѓа на тестот за заштита на женските права. И ова е еден од малкуте случаи за кој се говори јавно. Тоа покажува дека како држава мора да се работи многу повеќе.

„Ќе потсетам, ВМРО-ДПМНЕ е првата голема политичка партија и која предложи жена за претседател на државата. Госпоѓата Гордана Силјаноска Дафкова е исклучителна личност со силен карактер и интегритет, со што докажавме дека ВМРО-ДПМНЕ го признава значењето и улогата на жената во општеството. Така ќе продолжиме и во иднина. Ви посакувам успешна работа и очекувам силен ангажман и отворање на дискусија чиј краен производ ќе придонесе за посилна улога на жените во општеството“, потсети Мицкоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *