Меѓународна конференција „е-Општество – Отворени институции и отчетност“

Меѓународна конференција „е-Општество – Отворени институции и отчетност“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје во организација на Фондацијата „Метаморфозис“.

Конференцијата е завршен настан на четиригодишниот проект ACTION SEE (Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа) во кој седум организации од Западен Балкан и Обединетото Кралство ги соединија своите напори за промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на властите во регионот на Југоисточна Европа.

– Основната цел на проектот е да се зголеми вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во процесите на донесување одлуки и креирање на јавното мислење и политики, како и да се зголеми капацитетот на граѓанските општества за решавање на чувствителни проблеми. Се очекува на конференцијата да присуствуваат околу 150 претставници на институции од Западен Балкан, граѓанското општество и медиумски организации, како и поединци од регионот на Западен Балкан, соопшти тимот на „Метаморфозис“.

Конференцијата ќе ја отворат министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, Самуел Жбогар, делегација на Европската Унија во земјава и Бардил Јашари од „Метаморфозис“.

Во текот на конференцијата ќе се одржат повеќе сесии каде регионалните партнери на проектот ќе ги презентираат резултатите од четиригодишните напори за зголемување на нивото на отвореност и отчетност на институциите, како и за значењето на регионалната соработка за унапредување на доброто владеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *