Министерот за странски инвестиции Елвин Хасан на 10. Босфорски самит во Истанбул

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан ќе учествува на 10. Босфорски самит во Истанбул, каде што е предвидено да има обраќање на тема „Иднината на глобалната светска размена во променливиот свет“.

Самитот традиционално се одржува од 2010 година и трае три дена, до 29 ноември.

Како што информира кабинетот на министерот Хасан, на Самитот е најавено учество на претседатели, премиери и министри од повеќе земји, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе биде еден од говорниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *