Нови униформи за кумановските пожарникари

По четири години, кумановските пожарникари ќе добијат нова униформа, информираше на денешната седница на советот, командирот на противпожарната единица, Дејан Илиевски.

Тендерот е завршен, фирмата која е избрана ги изработува униформите. Обновата на униформите претходно ја најави градоначланикот на општина Куманово, Максим Димитриевски на почетокот од овој месец.

Сепак, проблем за пожарникарите останува набавката на заштита опрема, шлемови, чизми, заштитни одела. Последен пат кумановските пожарникари ваква опрема добиле уште во 2000 година, информираше Илиевски.

– Имаме разбирање од општината и се надеваме на решение, рече Илиевски, одговарајќи на прашања кои ги поставуваа советниците од опозицијата во кумановскиот совет.

Барања за нова опрема се доставени и до општината која го презеде менаџирањето со противпожаната единица во 2006 година, со процесот на децентрализација и до Дирекцијата за заштита и спасување и лани и годинава.

– Што се однесува до формирање екипа за гасење пожар настанат од гас се разговара со Дирекцијата за заштита и спасување кои треба да обезбедат обука за професионалните пожарникари, одговори Илиевски, прашан од советникот од ДПСМ Мирослав Тричковиќ, дали е формирана ваква екипа.

Командирот вели дека не можат да набават половна хидраулична платформа потебна за гасење пожар на висококатници, бидејќи ретко кој се откажува од таква опрема, а дека за набавката на нова, потребна е висока сума на средства.

Во извештајот што го презентираше пред советниците на денешната петта седница, Илиевски напомена дека минатата за разлика од 2016, имало 40-тина интервенции повеќе, односно дека интеревенирале 446 пати од кои 96 пати во урбана средина.Тука противпожарната единица регистрира еден повреден, додека тројца биле повредени при вкупно регистрирани 24 пожари на возила.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *