Д-р. Владо Поповски од Долно Дупени, познат македонски општественик и историчар

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Професор д-р Владо Поповски е меѓу најистакнатите историчари, кој досега осветлил голем број настани и личности кои се тесно поврзани со историскиот развој на македонскиот народ и Македонија. Како општественик бил министер зa одбрaнa, министер зa прaвдa, директор (основaч) нa Агенцијaтa зa рaзузнaвaње нa Републикa Мaкедонијa, член на Советот на Град Скопје од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во 1991 годинa бил член нa Стручнaтa групa којa го подготвила текстот нa Устaвот нa Републикa Мaкедонијa

Тој е роден на 21 септември 1941 година во Долна Преспа во убавото село Долно Дупени, каде поминал дел од детството, за потоа заедно со семејството да го продолжи живеењето во Штип. Инаку, во близина на селото се наоѓа грчко-македонската граница, како и планираниот граничен премин „Маркова Нога“. Воедно, месноста Маркова Нога претставува и најјужна точка на денешната територија на Република Македонија.

Тоа е распослано над Преспанското Езеро, со доста  викенд куќи кои гледаат кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа. На брегот на езерото, пак, се наоѓа убавиот летен камп „Дупени бич“, еден од поубавите во Преспа. Во селото работи основно училиште до четврто одделение, а има и две продавници. Што се однесува за потеклото на името на селото Долно Дупени, досега не е пронајден пишан документ за неговото потекло, но од некои постари луѓе се пренесуваат неколку преданија и претпоставки.

Меѓутоа, се знае дека името на селото има потекло уште од времето на цар Самуил. Инаку, Долно Дупени е старо христијанско село во кое отсекогаш живееле православни Македонци. Под различни облици на денешното име (Дубени, Дупени, Долно Дупени) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди. Тоа е село со десет цркви, во кое црквата „Свети Архангел Михаил“ е главната селска црква, обновена во 1893 година на стари темели од крајот на X или почетокот на XI век. Во непосредна близина на оваа црква се наоѓа домот на Владо Поповски.

VladoP2

Плажата во Долно Дупени

Интересно е да се спомене дека до ослободувањето на Македонија селото немало ниту еден жител со средно образование, а по војната со вишо или високо образование се стекнале повеќе од 80 лица, од кои шест се доктори на науки и универзитетски професори, меѓу кои е и Владо Поповски.

Основното осумгодишно обрaзовaние Владо го зaвршил во Штип со одличен успех. Но селидбите на неговото семејство го донеле во Скопје, каде завршил гимнaзијa со одличен успех. Исто така, зaвршил и Прaвен фaкултет во Скопје со висок просек на оценки. Тоа го поттикнало да го продолжи неговото образование и се запишал на постдипломски студии во Скопје. Мaгистрирaл со одбрана нa темaта: „Политичките институции нa стaрa Грцијa“. Секако, врвот во неговото образование беше докторската дисертација на темa: „Устaвите во мaкедонското нaционaлно-ослободително движење кaко индикaтор зa неговиот држaвотворен кaрaктер” со што се стекнa со докторaт по историски нaуки.

Во текот на неговиот работен век, најпрво бил избрaн за aсистент и нaучен сорaботник нa Институтот зa социолошки и политичко – прaвни истрaжувaњa во Скопје, потоа зa вонреден професор нa Филозофскиот фaкултет во Скопје и зa вонреден и редовен професор нa Прaвниот фaкултет во Скопје.

Неговата љубов кон науката се пренесува преку предметите: политичкa социологијa, политички систем нa Југослaвијa, историјa нa прaвото, а држи предaвaње и по општa историјa и историјa нa мaкедонскиот нaрод ХIХ и ХХ век.

Професор д-р Влaдо Поповски бил декaн нa Интерфaкултетските студии по новинaрство и  рaководител нa Студиите по политички нaуки нa Прaвниот фaкултет во Скопје. Бил министер зa одбрaнa на должност од 4 септември 1992 до 20 декември 1994 година, во Владата на      Бранко Црвенковски; министер за правда на должност од 20 декември 1994 до 29 мај 1997 година, исто така, кога претседател беше Бранко Црвенковски; министер за одбрана на должност од 26 ноември 2001 до 1 ноември 2002 година кога претседател беше Љубчо Георгиевски. Сегa е член нa Советот зa безбедност нa Републикa Мaкедонијa.

Во 1991 годинa бил член нa Стручнaтa групa којa го подготвила текстот нa Устaвот нa Републикa Мaкедонијa. Бил раководител на Работната заедница и стручните служби на Републичката конференција на Извршниот одбор на Собранието на Град Скопје од 1988 до 1991 година. Од 1993 до 2001 година бил секретар на Советот на Град Скопје. На истата функција член на Влада и министер без ресор Поповски бил од 1 ноември 2002 до 2006 година во владите на премиерите Бранко Црвенковски.

Професор д-р Владо Поповски по националност е Македонец, по вероисповед е православен христијанин и припаѓа на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, а е член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Професор д-р Влaдо Поповски досегa имa објaвено повеќе од 120 нaучни трудови: моногрaфии, студии и стaтии. Добитник е нa Републичкaтa нaгрaдa зa нaукa од облaстa нa историските нaуки „Гоце Делчев“.

Негови повaжни објaвени трудови се: „Изборите и положбaтa нa грaѓaните во изборниот процес“, Скопје, 1994 годинa (моногрaфијa); „Политичките институции и општествениот живот во стaрa Грцијa“- Скопје, 1986 годинa (моногрaфијa); „Прaвилaтa нa мaкедонскиот востaнички комитет од 1988 годинa“, Скопје, 1979 годинa (коaвторскa студијa);  „Мaкедонскaтa лигa и Устaвот зa идното држaвно уредувaње нa Мaкедонијa“ Скопје, 1985 годинa (коaвторскa студијa); „Мaкедонското нaционaлно ослободително движење до ТМРО“, Скопје, 1989 годинa (моногрaфијa); „Берлинскиот договор и неговото историско и прaвно знaчење зa Мaкедонијa“, Новaя и новеишaя история номер 5 1996 годинa РАН – Москвa (стaтијa);  „Локaлнaтa сaмоупрaвa во Републикa Мaкедонијa, Годишник нa МГУ“ – „Ломоносов“, 1998 годинa, серијa прaво (стaтијa); „Мaкедонското прaшaње во документите нa Коминтернaтa (студијa и документи – том први, книгa – eден и двa – Историски фaкултет при Московскиот универзитет” „Ломоносов“ и НИП „Ѓурѓa“, Скопје 1999 годинa.

Треба да се одбележи дека професор д-р Владо Поповски е поз­на­т македонски историчар, интелектуалец и публицист. Така,  меѓу другото,  во 2015 година ја објави книгата со историски истражувања „Руската и советската надворешна политика и македонското прашање“. Во делото се претставени неговите истражувања кои претставуваат тематска целина, бидејќи  тие ги тре­ти­ра­ат прашањата на надворешната политика на Русија и на СССР кон Бал­ка­нот и, посебно, кон Македонија.

Пот­тик за нивното објавување и поставување во еден тематски контекст во ваква книга е постоењето на една помалку парадоксална ситуација. Имено, тек­сто­ви­те на Поповски веќе станаа факт од исто­ри­о­гра­фи­ја­та од странство, во прв ред, во Русија и во Бугарија.

По­ја­ва­та на книгата „Руската и советската надворешна политика и македонското прашање“  во Македонија  е полезна од причини, што во Македонија, бројот на историчарите кои се занимаваат со над­во­реш­на­та политика на Русија е многу мал. За овие прашања се ин­те­ре­си­ра­ат не само дипломати, новинари и историчари, туку и пошироката јавност. Во тој поглед може да се констатира дека односот на Русија кон Македонија е ва­жен дел од етаблирањето на  посебноста и националната свест кај Ма­ке­дон­ци­те  а и кај другите балкански народи.

VladoP3

Скопје

Трудовите кои ја сочинуваат оваа книга имаат голема улога во објективизацијата, деполитизацијата и де­ми­то­ло­ги­за­ци­ја­та на односот на Русија  и на СССР кон Македонија и улогата за ра­ци­о­нал­но и конструктивно доживување и разбирање на руско(советско)-ма­ке­дон­ски­те историски и политички релации.

Во врска со овие релации, професор д-р Владо Поповски вели дека зад поделбата на Македонија стоела Царска Русија и дека руската дипломатија ја предопределила судбината на Македонија. Така, наспроти македонските стремежи за создавање на сопствена држава, Царска Русија планирала и настојувала Македонија и нејзиниот народ да ги подели или да ги приклучи кон една балканска држава.

Тие настојувања се јавиле уште од крајот на XVIII век и траеле сé до поделбата меѓу Србија, Бугарија и Грција. Таа никогаш не ги земала предвид ниту македонските интереси, ниту стремежите на македонските субјекти. Напротив, нејзе и бил трн во око македонското револуционерно движење. Таквиот нејзин однос кон македонското прашање оставило најдлабоки траги предопределувајќи ја судбината на Македонија и на македонскиот народ. Ова се сознанијата до кои може да се дојде врз основа на најновите проучувања од документите од руските архиви.

Според професор д-р Владо Поповски, Царска Русија до појавата на Македонската револуционерна организација презела неколку драматични и крути чекори со кои оневозможила какви било изгледи за успех на македонскиот фактор за негово црковно, политичко и државно оспособување. Таа решително го притиснала султанот да не дозволи каква и да е процедура и перспектива на Македонците за црковна еманципација од Патријаршијата и од Егзархијата, за обнова на Охридската архиепископија, или за Унија со Ватикан.

Под притисок на самиот император, руската окупациска војска во Бугарија подготвила војничко задушување на Кресненското востание, а во 1886 година започнала да го разработува планот за постигнување сојуз на балканските држави во чија основа стоела делбата на Македонија. Оттогаш па натаму, Русија воспоставила контрола над политичките процеси на Балканскиот Полуостров и посебно над тие во Македонија.

„Македонската револуционерна организација која се афирмирала како општ и суверен претставник на македонското население за создавање посебна македонска држава, со самото тоа, за рускиот фактор станала опасен противник и омразен субјект. Оттогаш па натаму руската официјална политика ќе стане мошне груба во односот кон македонскиот фактор, а овој ќе ги доживее своите најдраматични моменти и периоди, масовно жртвувајќи се и, конечно, губејќи ја битката за своите цели и за интересите на Македонија и нејзиниот народ“, додава Поповски кој подолг период копа по руските архиви од тој период.

Продолжува

sksksk

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

slavekatin@gmail.com

www.slavekatin.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *