Заев: Опозицијата да не го блокира Собранието

Правото на опозицијата да поднесува амандмани за законот за јазици треба да се почитува, но истовремено и обврската дека преку тоа право се блокира работата на Собранието, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Тој нагласи дека е загрижен што ќе се случи со реформите доколку се блокира Собранието и како ќе се донесат законите кои се важни за Планот 3-6-9 од реформскиот процес.

– Македонија е пред позитивна клима за можна препорака за отпочнување преговори  за ЕУ, а се надевам во јуни дури и за датум за почнување на преговорите. Ако ги заглавиме реформите не може да кажеме дека ќе се движиме во таа насока, но верувам дека и опозицијата ќе биде разумна во делокругот на Деловникот што го нуди Собранието. Се надевам дека ќе се изнајде решение во разговорите помеѓу координаторите и претставниците на опозицијата и на владејачките партии, изјави  Заев одговарајќи на прашање по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“.

Законот, додаде, е во нормална постапка и тој, како што наведе, лично од Охрид го презентирал лани летото по што се отвори дебата.

– Верувам дека Парламентот ќе постапи согласно Законот за Собрание, Деловникот и другите позитивните законски прописи и очекувам работата да се води на координација кај претседателот на Собранието. Важно е да бидат запазени демократските процедури согласно Законот за Собрание и Деловникот, бидејќи демокртијата е императив, потенцира Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *