Општина Битола ја реконструира улицата „Крушевска Република“

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска изврши увид на инфраструктурните зафати на улицата „Крушевска Република“ која се наоѓа на влезот од рекреативната зона Тумбе Кафе и фудбалскиот стадион во овој град.

На средба со новинарите, Петровска информираше за изведбените работи, поставените водоводна и канализациска мрежа, а во последната етапа ќе биде асфалтиран коловозот.

-Оваа улица е многу важна во сообраќајното поврзување на градот, бидејќи е во близина на Градскиот парк и Тумбе Кафе, а треба да направи конекција и со новите населби АРМ 1 и АРМ 2. Во овој период застануваме со активностите на оваа улица бидејќи  минатата локална самоуправа не изработила проектна документација за поместување на 35  KV столб, за да може да се продолжи со инфраструктурните зафати. При тоа, исто така како затекната состојба од минатата локална самоуправа е несоодветно решение кое не е третирано проектантски, околу делот на каналот, кој мора да биде поместен, за да се постави соодветно коловозот. Сите средства кои во иднина ќе бидат потребни за да се заврши овој проект, ќе бидат обезбедени од општината, која во овој момент е во стабилна финансиска состојба, изјави Петровска.

Во реконструкцијата на улицата двете јавни битолски претпријатија „Нискоградба“ и Водовод“, а вредноста на овој инфраструктурен зафат е 6,9 милиони денари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *