Есенска превентивна дератизација на подрачјето на Општина Битола

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола денеска ја реализира втората есенска фаза од превентивната систематска дератизација на подрачјето на Општина Битола.

Противепидемиската мерка се реализира согласно одлука на Советот на Општина Битола и ќе се врши во наредните 10 денови, посочуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Со дератизацијата опфатени се подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот, прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, основни, средни и високообразовни институции, домови за сместување и престој на ученици и студенти, домови за сместување на стари и изнемоштени лица, домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа, а дератизација ќе се изврши и на јавната депонија „Мегленци“.

Активностите на теренот ќе ги спроведуваат три мешани екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола и ЈП „Нискоградба“-Битола, и ги предупредуваат граѓаните доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *