Во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет, денеска имаше состанок на првите луѓе на МОК, Претседателот, д-р Васил Тупурковски, Генералниот секретар Сашо Поповски, и Спортскиот директор Владимир Богоевски од една и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Советникот на Претседателот на владата на Република Македонија, Даниел Димевски од друга страна, на кој беа договорени директни комуникации и развој на стратегии за развој на спортот во Македонија.
Посебен акцент беше ставен на поддршката на Владата на Р. Македонија и АМС на МОК, изградба на Олимпискиот дом и изградба на стратегија на Р. Македонија за развој на спортот. Во тој контекст беа договорени низа активности за едукација на тренерскиот кадар и спортската администрација, како и други активности во врска со развој на спортот.