Заев-Хан: Средбата со Ципрас добра вест за земјата, регионот и за ЕУ

Средбата на премиерот Зоран Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас е од големо значење и за поместување на евроинтеграциските процеси на Република Македонија, и ги прави многу пореални очекувањата дека 2018 година може да биде историска година за Македонија, за регионот и за ЕУ.

Ова денеска е заклучено е на средбата во Давос на премиерот Зоран Заев со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, на Светскиот економски форум.

Заев го информирал Хан за средбата со грчкиот премиер и го запозна со остварените резултати од таа средба кои во голема мерка го придвижуваат процесот на преговорите на двете земји во однос на проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија, како и во однос на потенцијалите за ново, квалитетно, поместување на билатералните односи, соопшти владината прес-служба.

Еврокомесарот му го пренесе на Заев и непосредно неговиот став за средбата со Ципрас искажан веднаш по настанот на социјалните мрежи и подвлече дека средбата е многу добра вест, која покажува храброст, визија и државништво, и дека решавање на долгогодишниот спор ќе биде добро за двете земји, регионот и Европа.

Заев на средбата нагласи дека средбата е значајна и за охрабрување на имплементацијата на отпочнатите одржливи реформи во Македонија, и дека ја потврдува политичката волја на Владата да ги затвора долготрајните отворени прашања со соседните земји, да ја поттикнува регионалната динамика и да биде веродостоен партнер на своите меѓународни пријатели паралелно со секојдневните остварувања и на домашната општествена сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *