ДВЕ ПРИЈАТЕЛСКИ СРЕДБИ ВО МАРТ

Откако ги дознавме противниците во новосоздадената Лига на нации, преку која ќе може да се пласираме на ЕП, раководството на Фудбалската репрезентација на Македонија, веднаш обезбеди две пријателски средби кои би требало да позлужат за воигрување на националниот тим. Лигата на Нации стартува во септември, а дотогаш треба да се искористат сите расположиви термини за што подобро да се подготвиме за неа.

Во март се договорени два пријателски натпревари. Првиот, ќе се одигра на 23 март, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Финска. Четири дена подоцна, на 27. март, противник ќе ни биде репрезентацијата на Азербејџан.

Натпреварите ќе се играат во Анталија, Турција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *